Свет
Ослободителна пресуда за тројца службеници од Катастар
Вчера во Основниот суд 1 Скопје беа ослободени од кривична одговорност Мирче Ѓорговски , Ангел Тодосов и Панче Арсовски кои одговараа за фалсификување службена исправа и малверзации во скопскиот катастар
СУДСКА ЗАВРШНИЦА НА СЛУЧАЈОТ “ВИЛА НА ВОДНО”
Вчера во Основниот суд 1 Скопје беа ослободени од кривична одговорност Мирче Ѓорговски , Ангел Тодосов и Панче Арсовски кои одговараа за фалсификување службена исправа и малверзации во скопскиот катастар
Вчера во Основниот суд 1 Скопје беа ослободени од кривична одговорност Мирче Ѓорговски , Ангел Тодосов и Панче Арсовски кои одговараа за фалсификување службена исправа и малверзации во скопскиот катастарМирче Ѓорговски , Ангел Тодосов и Панче Арсовски вчера беа ослободени од кривична одговорност за кривично дело: фалсификување службена исправа. Тие беа обвинети за малверзации во скопскиот катастар. Пред неколку месеци беа ослободени од кривична одговорност, но Апелациониот суд ја укина пресудата и ги врати на повторно судење оти не било разјаснето кои катастарски податоци биле уништени и од кој период.
Пред да биде соопштена одлуката обвинетите дадоа искази пред судот и кажаа дека остануваат на изјавите кои ги дале на предходните рочишта.
“Тодосов побара од мене по телефон по наредба на Мирче да ја избришам состојбата во копјутерот за податоци за град Скопје. Тоа што го избришав е копија на податоци што се наоѓаат во одделот за премер и катастар”-изјави вчера пред судот обвинетиот Панче Арсовски.
“Јас не сум дал никаква усна наредба. Тодосов дал тенденциозна изјава во истрага. Ете ако изјавата негова беше вистина тој ќе дојдеше во судот да се соочиме”, изјави Мирче Ѓорговски.
Во образложението на пресудата ќе стои дека дејствијата што се наведени во обвиненито за кои кривично се гонеа овие обвинети според законот не се кривични дела.
Ангел Тодосов е недостапен за полицијата на територијата на Македонија. Тој беше суден во остуство.
За овој случај на затворска казна која ја потврди Апелациониот суд беше осудена Татјана Митровска, екс директорка на скопскиот катастар на една година затвор за фалсификување документи. Обвинетиот Лазо Малијански треба да оди шест месеци во затвор. Архиварката Фросина Кипровска, осудена на затворска казна од три месеци Апелациониот судот одлучи казната да и ја преиначи во условна.
Митровска и петмина вработени во скопскиот Катастар , беа обвинети дека фалсификувале документи за изградба на вила на Водно, вредна 2,5 милиони евра, која требаше да биде сопственост на брачната двојка Љубчо и Снежана Георгиевски. Таа уништила две службени исправи за катастарски предмети. Им наредила на Лазо Малијански, раководител на Одделот за автомаска обработка и архиварката Фросина Кипровска во службените книги да внесат лажни податоци. По промените биле уништени вистинските имотни листови. Имотот на Водно бил префрлен на име на Соња Таковска, сестра на Снежана Георгиевска. Потоа два пати по наредба на директорката Митровска името на сопственикот за документот “подносител на пријава” било сменетето со името Тања Паковска, а потоа со името Сања Ѓаковска. Имињата биле измислувани, а обвинетите одговара за фалсификување службени исправи. (К.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.