Свет
Во Мексико сепак не е критично, помалку загинати од предвидувањето
Иако во првите информации се спомена дека 300 куќи се уништени и околу стотина ги изгубиле животите, спасувачките екипи затекле друга ситуација, пренесува Ројтерс.
Иако во првите информации се спомена дека 300 куќи се уништени и околу стотина ги изгубиле животите, спасувачките екипи затекле друга ситуација, пренесува Ројтерс.
Мексиканските власти драматично го намалија бројот на жртви кои се верува дека се закопани под одроните.
Спасувачките екипи успеале да влезат во градот и засега е потврдена смртта на 11 лица. Властите повторно пуштиле информација во која се вели дека од одронот се закопани стотина куќи во кои најверојатно настрадале и стотина луѓе. Но, кога спасувачките екипи стигнале во градот, сфатиле дека само неколку куќи настрадале од одронот.
Гувернерот Улисес Руиз потврди дека се исчезнати 11 лица од кои осум се деца, а три се возрасни. Но, како што јавуваат агенциите, во градот владее хаос, нема електрична енергија, а и дождот не престанува да паѓа. Градот Санта Марија Тлаитлопек кој има 9 илјади жители ќе бидат евакуирани поради опасноста од нови одрони./крај/ројтерс/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

