Свет
Уште еден напад на цистерна на НАТО во Пакистан

Милитантите во Пакистан извршија уште еден напад на цистерна со гориво за силите на НАТО во Пакистан, втор во еден ден, со што се истакна ранливоста на логистиката на оваа мисија, еден ден откако Пакистан го затвори граничниот премин преку кој минуваат конвоите, јавува Асошиејтед прес
Милитантите во Пакистан извршија уште еден напад на цистерна со гориво за силите на НАТО во Пакистан, втор во еден ден, со што се истакна ранливоста на логистиката на оваа мисија, еден ден откако Пакистан го затвори граничниот премин преку кој минуваат конвоите, јавува Асошиејтед пресВо вториот напад возачот на цистерната и неговиот помошник изгореле живи во камионот. Камионот бил сам, а не во конвој и бил паркиран пред еден ресторан во провинцијата Балучистан, на југоистокот на Пакистан. Претходно, изутрината милитанти нападнаа и запалија конвој со 27 цистерни со гориво за НАТО мисијата во Авганистан. Околу 80 проценти од горивото, резервните делови, облеката и другите несмртоносни материјали потребни за мисијата ИСАФ минуваат низ Пакистан, по пристигнувањето во пакистанското пристаниште Карачи. Алијансата користи и други рути за снабдување, но таа низ Пакистан е најевтина и најзгодна. Вчера пакистанската влада затвор еден од двата гранични премини кон Авганистан, во очигледен протест поради загинувањето на тројцата пакистански војници во хеликоптерски напад на НАТО на територијата на Пакистан. Овие настани ги зголемија тензиите помеѓу Пакистан и САД, кој имаат блиска, но честопати проблематична соработка во борбата против исламистичките милитанти и во Пакистан и во Авганистан. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.