Свет
Ахмадинеџад: Ционистите се смртни!
Ционистите се смртни, дрско изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на самата граница на Либан со Израел, пренесува Асошиејтед прес
Ционистите се смртни, дрско изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на самата граница на Либан со Израел, пренесува Асошиејтед пресОбраќајќи им се на илјадниците поддржувачи на Хезболах во Бин Џбеил, град на југот на Либан, непосредно крај границата со Израел, кое беше поприште на жестоки борби помеѓу милитантната Хезболах, поддржана од Иран и израелската армија во 2006 година, Ахмадинеџад истакна дека градот е симбол на отпорот кон Израел. „Светот треба да знае дека Ционистите се смртни… денеска либанската нација е жива и служи како пример за сите нации во регионот“, рече иранскиот претседател.Ахмадинеџад, кој повикува на тоа Израел да биде избришан од светската карта, на либанската влада вчера и рече дека Иран секогаш ќе ги подржува во спротивставувањето на она што тој го нарече „израелско непријателство“.„Непријателите немаат друга избор, освен да се предадат и да се вратат во нивните првични домови. Палестина ќе биде ослободена“, тврдеше Ахмадинеџад во говорот пред толпата.Бинт Џбеил се наоѓа на само 4,2 километри од границата со Израел. Градот беше жестоко бомбардиран во текот на 34-дневниот конфликт пред четири години, при што беше речиси срамнет со земја. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Што ќе направи Галскиот петел? Ќе го киднапира Трамп? Нуклеарен напад врз САД?
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, ја коментираше вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Галскиот петел закукурика дека ако суверенитетот на Данска биде допрен, последиците ќе бидат без преседан. Што ќе прават?! Ќе го киднапираат американскиот претседател? Нуклеарен напад врз САД? Секако дека не. Тие само ќе се исплашат и ќе се откажат од Гренланд. А тоа би бил одличен европски преседан“, напиша Медведев на Икс.
The Gallic cock has crowed that, if the sovereignty of Denmark is affected, the consequences would be unprecedented. Ooh, what they will do?! Kidnap POTUS? Nuke the US? Course not. They’ll just shit their pants and give up Greenland. And that’d would be a great European precedent
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 14, 2026
Макрон вчера се осврна на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, како што објави портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и сојузник биде загрозен, последиците ќе бидат невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.
Регион
(Видео) Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен
Поради сериозна сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е затворен за сообраќај во двата правци во делот помеѓу Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ.
Според неофицијални информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила, експлодирала цистерна, објавува N1 Словенија.
Се наведува дека детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Се очекуваат официјални изјави од полицијата и пожарникарите.
Словенечкиот информативен центар за сообраќај им советува на возачите на патнички возила да се пренасочат кон регионалните патишта.
Свет
Си-Ен-Ен: Иран се подготвува за одмазда
Иран има подготвено потенцијални одговори во случај САД да ја нападнат земјата, а одмаздата би била насочена кон воени објекти на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и оние во Ирак и Сирија, објави Си-Ен-Ен. Американските претставници укажуваат на зголемени ризици за американските сили во регионот поради страв од напад.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано предупредуваше на воена акција и сега, според претставниците, е под притисок да дејствува.
„Тој повлече црвена линија и чувствува дека треба да направи нешто“, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со внатрешните дискусии.
Во меѓувреме, дебатата за следните чекори продолжува во рамките на американската администрација. Потпретседателот Џ.Д. Венс претседаваше со состанок на високи претставници за да се разговара за моменталната ситуација, при што тимот за национална безбедност на Трамп е поделен околу тоа дали да се започне воен напад.
Претставниците изјавија дека секоја акција би го избегнала распоредувањето на копнени сили и нема да претставува почеток на продолжена воена кампања. Една опција што се разгледува вклучува таргетирање на објекти поврзани со иранските безбедносни служби.
фото/Depositphotos

