Контакт

Свет

Проневерите на Смиленски ќе ги плаќаат граѓаните во 2010 година

Објавено пред

Државата издаде обврзници од над 11 милиони евра за да ја допокрие загубата на НБМ Во следните пет години ќе се намирувале само каматите, а по пет години, државата одеднаш ќе ја исплатела главницата од долгот

dobivaj vesti na viber

Државата издаде обврзници од над 11 милиони евра за да ја допокрие загубата на НБМ

Во следните пет години ќе се намирувале само каматите, а по пет години, државата одеднаш ќе ја исплатела главницата од долгот

НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА

Тешките милионски суми евра за што своевремено е обвинет  контроверзниот Методија Смиленски, дефинитивно, одат на товар на сите македонски компании и граѓани иако сў уште случајот нема судска завршница.  Загубите ќе ги плаќаме сите преку даноците што  се собираат во државниот Буџет.  Најголемиот дел од 24 милиони евра загуба  колку што направила  Народна банка на Македонија поради овој случај,  државата веќе го "искеширала" минатата година преку националната каса, а преостанатиот, поголем износ, им е оставен "во наследство" на идните генерации, кои повторно, преку буџетот, ќе ги враќаат загубите во 2010 година. Тоа ќе се направи преку државните обврзници што државата ги издаде неодамна, а чии рок на доспевање е 5 години.

Приказната почна кога Смиленски, преку својата Експорт-импорт банка, успеа да "извлече" од централната банка (тогаш на чело со ексгувернерот Љубе Трпески) гаранции тешки 20 милиони евра, за кредит што го зел од извесна странска банкарска институција. Со оглед што заемот никогаш не го врати, а неговата Експорт-импорт пропадна  овие пари останаа на товар на НБМ. Поради тоа, првата монетарна куќа мораше да искаже загуба од 24 милиони евра на крајот на 2004. Најголем дел од тој минус, близу 21 милион евра, се должи токму на пропаднатите гаранции, а остатокот на други исплати. Како што е законски во случај кога НБМ трпи загуби, државата е должна преку Буџетот целосно да ги покрие.

Токму тоа и го направија македонските власти. Со огледна тоа што тие требаше да Ј дадат на НБМ вкупно 1,22 милијарди денари за покривање на загубите или близу 20 милиони евра, Владата одлучи дел од парите да ги исплати во "кеш" и тоа преку ланскиот Буџет, а за остатокот да издаде државни обврзници, што повторно значи дека сите граѓани ќе го плаќаат "цехот", но со одложено враќање. Па така, 8,13 милиони евра или 500 милиони денари беа вратени минатата година во септември од државната каса.

За преостанатиот износ од околу 11,64 милиони евра или 716 милиони денари, државата на 30 декември лани издаде државни обврзници. Од сајтот на Министерството за финансии може да се види дека нивниот рок на достасување е пет години, со годишна купонска каматна стапка од 7,45 отсто. Исплатата на номиналната вредност ќе се изврши во 2010 година.

Во ресорот за финансии објаснуваат дека овие обврзници сега ќе и се дадат на НБМ, а таа може нив да ги продаде и со остварените средства да ја покрие загубата или да работи со овие хартии од вредност.

Државата, пак, во следните пет години ќе ја плаќала само каматата од 7,45 отсто. Главницата од долгот, 11,64 милиони евра, ќе биде исплатена одеднаш, но по пет години, односно во 2010. На прашањето на "Утрински" зошто обврската нема да се плаќа на рати, туку целиот износ ќе се чува за по пет години, во финансии велат дека се очекува оти тогаш Буџетот ќе бил повисок, односно ќе имал поголеми приходи, па полесно ќе било од него да се издвојат тие 11,64 милиони евра.

И додека државата без око да Ј трепне бркна во џебот на граѓаните да ги покрие загубите на Народната банка, случајот е без судски епилог. Методија Смиленски е во Виена, а против ексгувернерот Љубе Трпевски  не е поведено обвинение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете

Објавено пред

Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.

dobivaj vesti na viber

„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.

Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.

Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.

Прикажи повеќе...

Свет

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Објавено пред

Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.

dobivaj vesti na viber

Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.

Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.

„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.

Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.

Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе

Објавено пред

Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.

dobivaj vesti na viber

Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.

„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.

Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.

Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија9 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија9 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија12 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија15 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ15 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија17 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија18 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија18 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија19 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија19 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија19 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...