Свет
Токио: Над 150 луѓе повредени во силен земјотрес
Најмалку 155 лица се повредени во силен земјотрес што денеска го погоди најјужниот јапонски остров Кјушу, јавија западните агенции.
Најмалку 155 лица се повредени во силен земјотрес што денеска го погоди најјужниот јапонски остров Кјушу, јавија западните агенции. Според првичните информации, нема потешко повредени во потресот со силина од седум степени според Рихтеровата скала, а на повеќето повредени им била потребна само прва помош. Западните агенции наведуваат дека во земјотресот се урнале неколку згради, а имало и прекини во снабдувањето со електрична енергија и плин. Повеќето возови во редовната и подземната железница го прекинаа сообраќањето, нарушен е редот на полетување на авионите, а за кусо било упатено предупредување за опасност од цунами, но тревогата набрзо била повлечена. Потресот се случи неколку минути пред 11,00 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил во Јапонското море пред главниот град на островот, Фукуока./крај/ тт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден
Уште едно пукање се случи синоќа во бриселската општина Андерлехт, во близина на метро станицата Клеменсо. Најмалку едно лице е повредено.
Инцидентот се случил околу 03:30 часот, а сторителот употребил огнено оружје, потврдија бриселскиот обвинител Жулиен Моинил и градоначалникот на Андерлехт, Фабрис Кампс (ПС) во интервју за радио РТБФ.
„Едно лице е рането со куршум во ногата и пренесено во болница“, соопшти бриселското обвинителство. Веднаш по пукањето, на местото на настанот пристигнале истражители, федералната полиција и балистички експерт за да спроведат истрага.
Ова е втор инцидент за два дена во Андерлехт. За разлика од пукањето во средата, овој пат сообраќајот на метрото не беше прекинат, иако еден влез во станицата беше затворен, соопшти бриселскиот јавен транспортен оператор СТИБ.
„Во последните 24 часа имаше три престрелки: две во Андерлехт и едно во Сен Жосе-тен-Нуд. Не знаеме со кого си имаме работа, но имаме двајца осомничени по кои моментално се трага“, рече Моинил. Тој додаде дека престрелките се поврзани со територијален конфликт меѓу неколку нарко банди.
„Уште колку смртни случаи ќе ни бидат потребни за да имаме одговор сразмерен на сериозноста на ситуацијата? Трговијата со дрога стана толку широко распространета, а парите вклучени во неа толку големи, што се водат војни“, рече тој.
Пред последното пукање, Моинил веќе ги повикал шефовите на шесте бриселски полициски зони и правосудната полиција да побараат анализа и да утврдат кои се овие банди. Иако има одредени идентификации, „се уште има многу неизвесности“, рече тој.
Во средата пукањето се случи на метро станицата Клемансо во 6:15 часот. Снимката од надзорните камери, која сега кружи на интернет, покажува двајца напаѓачи вооружени со автоматски пушки од типот калашников како отворено пукаат надвор од станицата пред да побегнат во метрото. Следеше полициска потера во тунелите на бриселското метро, но осомничените се уште не се уапсени.
Свет
Се урна мал авион на Филипините, неколку загинати
Четири лица загинаа при уривање на мал авион денеска во провинцијата Магуинданао дел Сур на југот на Филипините, јавија локалните медиуми.
Несреќата се случила околу 14 часот по локално време во градот Ампатуан, јави Ксинхуа. Засега не се познати други детали.
Полицијата ја истражува несреќата за да ги утврди причините и националноста на жртвите.
Свет
Кран падна врз израелски војници во Газа: двајца загинати
Двајца израелски војници загинаа, а осум се повредени во несреќа што се случи синоќа во Појасот Газа кога кран паднал поради силниот ветер, соопшти војската.
Според информациите, во несреќата загинал Надав Коен (21), додека името на другиот војник ќе биде објавено подоцна.
Од осумте војници повредени при падот на кран, еден се здобил со тешки телесни повреди.
Според првичните сознанија од истрагата на ИДФ, кранот паднал поради екстремно силниот ветер.