Свет
Почна судењето на Војо Михајловски за големите злоупотреби во здравството
Вчера во Основниот суд Скопје 1 на обвинителна клупа седна поранешниот директор на Фондот за здравство
Вчера во Основниот суд Скопје 1 на обвинителна клупа седна поранешниот директор на Фондот за здравство
Шестемина обвинети се товарат дека го оштетиле Фондот за здравство за 240 милиони денари
ЉубиШа СТАНКОВИЌ
Во Основниот суд Скопје 1 вчера почна судењето на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Војо Михајловски (51), на ексдиректорката на Медицинскиот центар во Гевгелија, Слободанка Шуклева (57), браќата Љупче(36) и Звонко Трпковски(39), сопственици на фирмите „Атлантик комерцци и „Атлантикки, поранешниот директор на Медицинскиот центар во Велес, Оливер Зографски(44) и некогашниот заменик-генерален директор на АД „Алуминааи, Илија Јаќовски (56) од Скопје. Сите шестмина се товарат за злоупотреба на службената должност и овластување, а штетата што му е нанесена на Фондот за здравство се проценува на над 240 милиони денари.
Судењето почна со констатација дека сите обвинети се присутни во судницата и со измените на нивните бранители. Адвокатот Саво Коцарев и обвинетиот Љупче Трпковски рекоа дека не примиле обвинителен акт, но Судскиот совет, со кој претседава судијката Гордана Спиркоска, рече дека судот поседува докази според кои сите заинтересирани го примиле обвинението. По овие констатации, судот пристапи кон распит на обвинетите.
Првообвинетиот Војо Михајловски изјави дека го прочитал обвинителниот акт, но дека ќе го користи своето право да се брани со молчење. Поранешната директорка на Медицинскиот центар во Гевгелија, Слободанка Шуклева, изјави дека не се чувствува виновна за делото за кое се товари. Шуклева рече дека никогаш не се сретнала со Војо Михајловски и дека немала намера да го оштети Фондот за здравство, но дека се трудела да ги задоволи потребите на стотиците пациенти и на 500-те вработени. Таа потврди дека Медицинскиот центар во Гевгелија во 1996 година од Фондот добивал средства во висина од 1,6 милиони и дека во периодот, за кој се товари таа, односно цели пет месеци, Михајловски овој износ го намалил на 300.000 денари.
И покрај нејзините реакции, од Фондот не пристигале средства, но следувале упатства дека треба да прифати да работи со фирми, како што се „Атлантикки и „Атлантик комерцци. Набргу потоа во Гевгелија се појавиле сопствениците на спомнатите фирми и тогашниот директор на Медицинскиот центар од Кавадарци, Блашко Клинчарски. Следувале објаснувања дека набавките требало да одат преку скопските фирми и дека тие, по пат на цесии, ќе си ги наплателе побарувањата од Фондот, како и тоа дека на овој начин се работело со сите медицински центри подолго од две години.
Шуклева потврди дека фактурите кои пристигнале по еден месец биле „напумпаниии, но дека храната им била неопходна на пациентите. Таа рече дека медицински материјали не побарувала, бидејќи самата ги обезбедувала преку грчката влада, ЕУ и невладини организации, но дека одредени набавки биле крајно неопходни.
Шуклева рече дека Михајловски с се јавил по телефон, но дека лажно се претставил. Во разговорот с било кажано дека не сака повеќе ургенции за гевгелискиот Медицински центар и оти ќе работи „како што ќе с се каже или може да се сликааи. Михајловски, во разговорот с спомнал и „црна вреќааи во која можела да заврши. Под такви закани Шуклева ги потпишувала договорите.
Обвинетиот Љупче Трпковски одлучи да се брани со молчење, а неговиот брат Звонко Трпковски, со оглед на тоа што не поседува обвинителен акт, изјави дека во оваа фаза од постапката и тој ќе се брани со молчење. Сведочењето на Оливер Зографски, тогашен директор на Медицинскиот центар во Велес, во многу потсетуваше на она на Слободанка Шуклева. И тој потврди дека бил присилен да соработува со фирмите „Атлантикки и „Атлантик комерцци, но се работело и со „Здравецци, „Ветфармми, „Битола прометти и охридски „Виор ростфрајји. Зографски негираше дека препродавал од стоката што и онака била скапо платена. Тој рече дека не продавале, но дека со дел од стоката пребивале долг што го имале спрема „Жито Вардарри. Според Зографски, долгот бил четири милиони денари, а тие имале уште други 140 доверители. И тој реагирал на високите цени, но од стручните служби му било кажано дека цесијата ја затвора Фондот и дека така работеле и другите медицински центри во државава.
Илија Јаќовски пред Судскиот совет пристапи со објаснување дека тој не треба да биде обвинет и оти наместо него треба да дојде некој друг, иако не кажа кој е тоа лице. Иако видно збунет, Јаќовски се обидуваше да го објасни односот што АДДД“Алуминааи го имала со кичевскиот Медицински центар и за набавката на локал во палата „Алуминкааи, а за потребите на сведокот Сашо Андоновски. Јаќовски не беше во состојба да потврди дали предметната фактура била потпишана од него или од некој друг, како и тоа дали има уште една идентична фактура. Нему не му е познато дали Андоновски добил локал во палатата, но е сигурен дека таа била прокнижена.
Судењето продолжува в понеделник со распит на сведоците предложени од Јавното обвинителство на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

