Свет
Битолски основци консументи на дрога
Битолските основци од седмо и од осмо одделение признаа дека користат дроги.
Алармантни показатели на една анкета во осумгодишните училишта во Битола
Битолските основци од седмо и од осмо одделение признаа дека користат дроги. Спроведената анкета меѓу 500 ученици во девет основни училишта во градот покажа дека 3 проценти од анкетираните ученици на возраст од 12 до 14 години експериментираат со марихуана, екстази, хероин и други дроги. "Анкетиравме ученици од двата пола како репрезентативна група за добивање релевантни податоци. На првото прашање дали сте имале контакт и дали сте користеле каква било дрога, 15 ученици потврдно одговорија, потенцирајќи дека продолжуваат со нејзина употреба°, вели Сања Мучкаева-Фидановска од битолската Организација на жени, учесничка во проектот што беше спроведен во првото полугодие од оваа учебна година. Резултатите од анонимната анкета уште покажаа дека учениците кои потврдија дека употребуваат дроги не сакаа да прецизираат кога првпат пробале дрога и од каков вид, а истите тие, од друга страна, бараат легализирање на марихуаната
БИТОЛА – Битолските основци од седмо и од осмо одделение признаа дека користат дроги. Спроведената анкета меѓу 500 ученици во девет основни училишта во градот покажа дека 3 проценти од анкетираните ученици на возраст од 12 до 14 години експериментираат со марихуана, екстази, хероин и други дроги. “Анкетиравме ученици од двата пола како репрезентативна група за добивање релевантни податоци. На првото прашање дали сте имале контакт и дали сте користеле каква било дрога, 15 ученици потврдно одговорија, потенцирајќи дека продолжуваат со нејзина употреба°, вели Сања Мучкаева-Фидановска од битолската Организација на жени, учесничка во проектот што беше спроведен во првото полугодие од оваа учебна година.
Резултатите од анонимната анкета уште покажаа дека учениците кои потврдија дека употребуваат дроги не сакаа да прецизираат кога првпат пробале дрога и од каков вид, а истите тие, од друга страна, бараат легализирање на марихуаната. “Нў фрапира и податокот што 14 проценти од анкетираните седмоодделенци и осмоодделенци не ја сметаат марихуаната за дрога, туку бараат нејзина легализација. Дури 35 проценти одговорија потврдно дека во нивната најблиска околина познаваат уживатели на дроги, а згора на сў, 51 процент од овие малолетници се убедени дека зависникот може лесно да излезе од проблемот на зависност. Тоа укажува на фактот дека учениците се недоволно едуцирани и информирани, залажувајќи се дека зависноста од дроги е проблем од кој има излез°, вели Светлана Петковска, координаторка на проектот.
Според Организацијата на жени во Битола, порастот на бројот на зависници од дрога се должи и на тоа што во изминатите години стагнираат кампањите за борба против ова зло, не само тука ами воопшто и во целата држава, што посочува на неуспехот на државните институции и нивната координација во спречувањето и справувањето со овој проблем. Само во последната година во градот под Пелистер починаа шест лица од предозираност со дрога, извршувајќи самоубиство во моменти на криза. Најстариот од нив имаше 31 година. Моментно тројца битолчани на возраст од 25 до 30 години се на лекување во наркоцентарот во Конопиште, Кавадаречко, а други двајца се на рехабилитација во Хрватска и во Словенија.
“Битола не е веќе град каде што зависниците од дрога се бројат на прсти. Регистрирани се близу 4.000 зависници, 400 од нив се на игла, односно интровенска зависност, а стотина се заболени од вирусот хепатит Ц. Замислете го тоа што секој од овие лица се стреми да навлече на дрога уште шест-седум пријатели или познајници. Состојбата е алармантна, а излез, барем засега, нема", вели прим. д-р Стевче Бојаџиев, специјалист по неврологија и психијатрија во битолската клиничка болница.
Досегашните анализи на невладините организации потврдуваат дека границата на консументи на дрога се поместува на сў помала возраст. “Според резултатите од анкетите спроведени во периодот од 1999 до 2001 година, процентот на зависници од дроги во седмо и во осмо одделение беше речиси нула отсто, што значи за време од пет години со неговото покачување од три проценти меѓу оваа популација сме добиле поразителни податоци за нас како родители, но и како граѓани°, вели Билјана Опашинова, претседателка на Организацијата на жени во Битола. Оттаму порачуваат “да си ги гледаме сопствените деца в очи зашто само очите не лажат, така ќе можеме навреме да откриеме дали пробале дрога и да не бегаме од вистината кога ќе се соочиме со фактот дека нашето дете завлегло во вителот на дрогата°. Проектот на оваа невладина организација продолжува во средните училишта во градот, а резултатите се очекуваат кон крајот на учебната година.
(Е.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

