Свет
Докторот испрал 50 милиони марки во Македонија
Бугарскиот шеф на подземјето, Докторот и синот на Слободан Милошевиќ, Марко, преку земјава прошверцувале цигари во вредност од 76 милиони евра. Неделникот "Време" пишува дека во шверцот бил вмешан и Драган Даравелски, кој се крие во Белград и има направено пластична операција на лицето
Белградскиот неделник „Време“ објави текст за рутата на шверцот со цигари во регионот
Бугарскиот шеф на подземјето, Докторот и синот на Слободан Милошевиќ, Марко, преку земјава прошверцувале цигари во вредност од 76 милиони евра. Неделникот "Време" пишува дека во шверцот бил вмешан и Драган Даравелски, кој се крие во Белград и има направено пластична операција на лицето
Горан Адамовски
Бугарскиот шеф на подземјето, Иван Тодоров – Доктор (42), кој беше убиен пред две недели, во периодот од 1996 до 2000 година, во соработка со Марко Милошевиќ, син на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, преку Македонија прошверцувале цигари за 76 милиони евра. Докторот испрал и 50 милиони германски марки за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ", пишува српскиот неделник "Време", кој објави опширен текст за шверцот на цигари во регионот.
Цигарите од Македонија, како што пишува неделникот, во Србија биле внесувани со шлепери и преку железницата, а за сето тоа биле запознаени царинските служби на двете земји.
Понатаму, во текстот се вели дека Марко Милошевиќ се служел со бугарско-македонската врска, која веќе била изработена од страна на инфраструктурите на Аркан во Македонија. Бродот полн со шверцувани цигари пристигнувал во пристаништето во Бургас и ја истоварувал стоката. Екипата на Докторот ги полнела камионите и ги испраќала во Македонија, при што им помагал директорот на Царинската управа, Драган Даравелски. Докторот, пишува српско "Време", во Македонија успеал да испере околу 50 милиони тогашни марки за владата на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година. "Даравелски, без кого ништо не се можело, има 14 компании во Македонија и собрал десетина милиони евра, поврзувајќи се со српската мафија и со шверцот на течни горива и цигари, за што се бара сега ", наведува "Време" и додава: "Даравелски го бара македонското МВР, но не се трудат премногу да го пронајдат, бидејќи би можел нешто да каже и за сегашната власт". Даравелски побегнал во Белград, имал лажни документи, а наводно, за секој случај, направил и пластична операција на лицето, тврдат извори на неделникот. Кога во 2002 година, ВМРО-ДПМНЕ ја загуби власта, многу податоци стигнале и во Бугарија, што резултираше со кривични пријави против Иван Тодоров-Доктор и неколку негови пријатели. Тогаш изби и крајно непријатна афера, бидејќи некои весници објавија фотографии од јахтата на Докторот, закотвена во Монте Карло, а на кои може да се видат и министерот за финансии на Бугарија, Милан Велчев, пратеникот Мирослав Севилевски и поранешниот министер за сообраќај…
Во текстот под наслов "Маркова работа и пријатели", неделникот пишува за "активностите" на синот на Слободан Милошевиќ и на Мира Марковиќ, односно за шверцот со цигари во Србија од Хрватска, Македонија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Една белградска приватна телевизија откри дека постои извештај за оперативна акција наречена "Мрежа", која Управата за организиран криминал ја водела долго, а ја завршила во септември 2003 година. Резултатот е обемен извештај за шверцот со цигари, влезот и излезот на парите, банковните сметки, фиктивните компании преку кои се переле парите. На графичкиот приказ на акцијата "Мрежа", на врвот од дијаграмот, првото место рамноправно го делат Марко Милошевиќ, Мира Марковиќ и нивниот пријател од Пожаревац, Михаљ Кертес – Брацика. На дното од дијаграмот се наоѓаат големите производители на цигари: "Филип Морис", "Тобачна Љубљана", "Тутунски комбинат"- Прилеп", "Македонија табак", ТДР – Ровињ, "Австрија табак" и БАТ, пишува неделникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Заглавени возила и превртени камиони: Сообраќаен хаос на германските патишта поради студеното време
Студеното време што ја зафати Германија предизвика поледици на патиштата и сообраќаен хаос, пренесува ДПА. Леденото време предизвика неколку несреќи на главните германски патишта во петокот и ноќта.
Камион што превезувал лосос се излизгал и се превртел на автопатот A93 во северниот дел на Баварија, во близина на градот Вернберг-Кеблиц. Несреќата предизвикала приколката на камионот да се отвори и рибите да се истурат по коловозот, соопшти денеска портпарол на полицијата. Возачот не е повреден, а автопатот бил затворен повеќе од 10 часа.
Друг камион се лизнал на автопатот A1 во близина на северниот град Бремен и удрил во знак и заштитна ограда. Возачот не е бил повреден. Полициските службеници на местото на настанот привремено го затвориле автопатот и во тек е операција за расчистување на коловозот од мраз и снег.
Десетици камиони и автомобили останаа заглавени на заледениот мост Келбранд во северниот германски град Хамбург. Возилата не можеа да се искачат по мостот поради замрзнатиот коловоз.
Властите предупредуваат дека студениот бран со снег и мраз ќе продолжи и во наредните 24 часа.
Свет
Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони рано утрово во главниот град на Венецуела, Каракас
Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони со ниски прелети биле слушнати рано утрово во главниот град на Венецуела, Каракас, околу 2:00 часот по локално време, јавуваат повеќе меѓународни медиуми, вклучувајќи АП, Ројтерс, и Ци-Би-Ес Њуз.
Очевидци забележале и столбови на чад на неколку локации, а делови од јужниот дел од градот, вклучувајќи област близу голема воена база, останале без струја.Сè уште не е јасно што точно ги предизвикало експлозиите и дали тие се резултат на напад, внатрешен инцидент или некоја воена операција — официјални потврди од владата на Венецуела или од Министерството за одбрана сѐ уште нема. Ројтерс наведува дека видеа на социјалните мрежи покажуваат детонации на различни локации во градот, но не може веднаш да ја потврди точноста на тие снимки.
Нема официјален коментар од владата на Венецуела, ниту од Белата куќа за тоа дали САД биле директно вклучени. Пентагон претходно не одговорил на барањата за коментар.
Овој развој на настаните доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Венецуела и САД, откако американската администрација ги засили воените активности во регионот под оправдување на борба против илегалниот превоз на дрога, а Доналд Трамп најави дека е отворен за разговори со претседателот Николас Мадуро, додека истовремено не исклучи можност за поинтензивни воени операции.
Критичари и политички аналитичари предупредуваат дека потенцијалниот конфликт има подлабоки корени во долгогодишните напнатости околу нафтените резерви и геополитичките интереси на САД во регионот.
Свет
Крадци испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
Крадците кои ја ограбија банката Шпаркасе во Гелзенкирхен, на западот од Германија, за време на грабежот испразниле 3.000 сефови, од кои биле украдени злато, пари и накит во вредност од 90 милиони евра, објави полицијата.
Портпаролот на полицијата во Гелзенкирхен изјави за Шпигел дека кражбата била „долгорочно планирана операција“ и дека полицијата сè уште нема цврсти траги и дека сторителите се во бегство.
Германската полиција објави дека сака да ги засили напорите во истрагата, поради што е формирана специјална единица наречена „Вежба“.
Портпаролот на полицијата изјави дека целта е единицата да се справи со „поплавата од информации и траги“, односно пријави за грабежи од граѓани, како и да може да се повика на ресурси од други полициски оддели.
Грабежот се случил минатиот викенд, а крадците влегле во банката преку подземна гаража и користеле специјална дупчалка за да го пробијат дебелиот армиран бетонски ѕид до трезорот, каде што скршиле околу 95 проценти од вкупно 3.250 сефови.
Грабежот бил откриен во понеделникот рано утрината кога било забележено дека непознати лица користеле дупчалка за да го издупчат ѕидот на трезорот на Шпаркасе банка во округот Буер за време или кратко по божиќните празници.
Некои луѓе пријавиле дека чуваат вреден златен накит или заштеди во своите сефови.
Според прелиминарните информации, грабежот можеби бил извршен во текот на неколку дена, а сведоци пријавиле дека виделе неколку луѓе како носат големи торби на скалите од паркинг гаражата до филијалата во округот Буер во Гелзенкирхен во саботата навечер.
По прегледувањето на видеата од паркинг гаражата, полицијата соопшти дека прикажала автомобил со маскирани лица како во понеделникот рано наутро ја напушта гаражата, а неговите регистарски таблички наводно биле украдени од Хановер.
Портпаролот на банката изјави дека досега биле во контакт со околу 1.000 засегнати клиенти и дека банката се обидува да утврди што точно се чувало во сефовите.

