Свет
Антикорупциската си ја знае работата за „Фершпед“
Антикорупциската комисија постапува во рамките на своите овластувања и може тоа да го бара, а за тоа треба да се изјасни извршната власт, изјави вчера во Охрид претседателката на Републичкиот судски совет Ленче Софрониеска.
Антикорупциската комисија постапува во рамките на своите овластувања и може тоа да го бара, а за тоа треба да се изјасни извршната власт, изјави вчера во Охрид претседателката на Републичкиот судски совет Ленче Софрониеска. Ова е реакција на Софрониевска во врска со барањето на антикорупциската комисија да се преиспита приватизацијата на Фершпед и постапувањето на правобранителката Зоја Лега-Станоевска.
Софрониеска смета дека упатувањето на други институции е во рамките на системот и дека не треба да се прејудицира ништо пред да завршат постапките, бидејќи, како што рече, доколку не се ценат законите не може ниту да се планира ниту да се има правна држава.
Во врска со претставката на родителите на починатата Наташа Кметовска, Софрониевска рече дека за тоа разбрала од медиумите и дека таа веќе е во процедура.
РСС ќе ја разгледа претставката, а потоа ќе се изјасни за неа, но во никој случај нема да расправа за одлуката на судот, бидејќи тоа исклучиво е во надлежност на судовите – рече Софрониевска.
Како претседател на РСС, Софрониеска вчера беше домаќин на средбата на претставниците на РСС и Високиот совет на правосудство на Албанија што се одржа во Основниот суд во Охрид.
И.О.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

