Свет
Владата нема намера итно да ги бара парите што американската фирма
„Ксеминекс“ треба да ги плати како отштета оти не почитува ниту една обврска откако ги купи рудниците за олово и цинк „Злетово“ и „Тораница“.
„Ксеминекс“ треба да ги плати како отштета оти не почитува ниту една обврска откако ги купи рудниците за олово и цинк „Злетово“ и „Тораница“. Американците најверојатно на државата нема да и исплатата ниту денар и покрај тоа што договорот со нив ќе биде раскинат. „Ксеминекс“ за отштета треба да плати повеќе од 850.000 долари.
– Владата гледа побрзо да ги рестартира рудниците, а не да бара од некого да плаќа пенали поради непочитување на договорот – изјави вчера Фатмир Бесими, министер за економија.
За јавноста е необјасниво, како Владата лесно се откажува од тие пари и покрај тоа што откако „Ксеминекс“ влезе во „Злетово“ само од продажба на опремата, на концентрат и на старо железо успеал да заработи повеќе од еден милион евра, а за рудникот плати само 205.000 евра. Во Министерството за економија се уште не знаат на каков начин ќе се ослободат од американските газди. Неизвесно е дали за пробиштипскиот рудник ќе се распишува нов тендер, затоа што во Министерството уште не ја подготвиле информацијата за ситуацијата во „Злетово“. Бесими во петокот само кажа дека Владата ќе бара нов инвеститор, бидејќи „Ксеминекс“ се покажал крајно несериозен. Согласно со одредбите од инвестицискиот договор, фирмата треба на Владата да и плати отштета по 15 отсто од сумата што е договорена како обврска на инвеститорот. „Ксеминекс“ требаше во рудникот да инвестира 5 милиони во првата година, односно 10 милиони евра во првите две години од преземањето. Американците требаше на работа да вратат 550 луѓе и рудникот да го рестартираат за 4 месеци. Сега по 16 месеци, ниту една од обврските не е исполнета.
А.К.М.
ФИРМАТА НА АМЕРИКАНЦИТЕ ВО СТЕЧАЈ?
Јакимовски побарал ПИОМ да ги блокира сметките на „Ксеминекс“
Стевче Јакимовски, министер за труд и социјална политика побарала Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги блокира сметките на „Ксеминекс Македонија“ оти утврдил дека придонесите на вработените не се плаќани лани од мај.
– Жално е што така испадна, но на „Ксеминекс“ не смее да му се дозволи да продолжи со дубиозите. Му дадовме шанса да работи со два рудника опфатени со ФЕСАЛ аранжманот вреден 130 милиони евра. Фирмите требаше да се исчистат од долгови и да се нудат на продажба – вели Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.
Свет
Путин за војната во Иран: загриженост за ризик од ширење на конфликтот
Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со четири клучни лидери на земјите од Персискиот Залив, предупредувајќи на опасноста американските и израелските напади врз Иран да ескалираат во поширок регионален конфликт, објави CNN.
По разговорите со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Кремљ објави дека „двете страни изразија сериозна загриженост за реалниот ризик од проширување на зоната на конфликт, која веќе ги зафати териториите на голем број арапски земји и носи катастрофални последици“.
„Ова е исклучително опасно“
Путин ја нагласи потребата од дипломатија за решавање на „екстремно опасна ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот престолонаследник рече дека Москва, благодарение на добрите односи и со Иран и со земјите од Заливот, може да игра стабилизирачка улога.
Русија постојано ги осудува американските и израелските напади и атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Путин разговараше и со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. „Двете страни ја нагласија потребата од прекин на непријателствата и враќање на политичкиот и дипломатскиот процес“, објави Кремљ.
Загриженост за вклучување на трети земји
Кремљ, исто така, соопшти дека Путин и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани „изразиле загриженост за ризикот од ширење на конфликтот на Блискиот Исток и опасноста од вклучување на трети земји“ во телефонски разговор.
Рускиот претседател, според Кремљ, разговарал и со кралот на Бахреин.
Фото: ЕПА

