Свет
Шест членови на Ал-Каида уапсени во Јемен

Јеменските сили за безбедност уапсиja шест членовI на терористичката мрежа Ал Каида”, меѓу кои и една жена, кои планирале да извршат нападени врз амбасади и други објекти на западните држави во Јемен, соопштени извор од безбедносните сили.
Јеменските сили за безбедност уапсиja шест членовI на терористичката мрежа Ал Каида”, меѓу кои и една жена, кои планирале да извршат нападени врз амбасади и други објекти на западните држави во Јемен, соопштени извор од безбедносните сили. Уапсените членови на Ал Каида плнирале да постават експлозивно средство близу до објект на една западна држава, изјави за АФП истиот извор, без да го каже конкретното место, каде требало да биде поставена бомбата./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради нејзиното неодамнешно патување кон Појасот Газа.
„Мислам дека на светот му требаат многу повеќе бесни млади жени, искрено“, рече Тунберг по пристигнувањето во Париз откако беше депортирана од Израел утрово. „Особено со сè што се случува денес. Токму тоа ни треба најмногу.“
Тунберг утрово отпатува од Тел Авив за Франција, откако претходниот ден беше пресретната од израелските власти на брод што се упатуваше кон Газа.
Таа беше дел од мисија организирана од коалицијата „Freedom Flotilla“, група пропалестински организации што отпловија од Италија за Газа на 1 јуни за да достават хуманитарна помош за цивилите кои умираат од глад во војната на Израел против Хамас во крајбрежната енклава. Меѓу патниците беше и Рима Хасан, француско-палестинска европратеничка со врски со левицата.
Регион
15-годишната Леа од Косово убиена во масакрот во Грац

Во денешниот масакр во училиштето во Грац загина 15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина, Косово. Информацијата ја потврди градоначалникот на општина Витина, Сокол Халити.
„Драго семејство Бајрами, длабоко сум шокиран од веста за трагичната загуба на вашата ќерка Леа од нашата општина, која го загуби животот во сериозен напад што се случи денес во градот Грац, Австрија. Овој сериозен настан длабоко нè погоди сите. Губењето на еден млад живот е рана што остава неизбришлив белег во душата на секој од нас.
Во мое име и во име на општина Витина, изразувам најискрено и најдлабоко сочувство. Со вас сме во овој тежок момент и се молиме Бог да ви даде сила да се справите со оваа голема болка. Споменот за неа секогаш ќе остане жив меѓу нас“, напиша Халити на Фејсбук и сподели фотографија од Леа од нејзиното детство.
„Исто така, изразувам сочувство до мојата пријателка, градоначалничката на Грац, Елке Кар. Во име на општина Витина и нашите граѓани, изразувам најдлабоко сочувство за трагичниот настан што се случи денес во вашиот град, каде што за жал млада девојка од нашата општина го загуби животот заедно со уште девет лица.
Свесни сме за предизвиците што ги носи ваков чин на насилство и ја споделуваме со вас и со граѓаните на Грац болката од оваа трагедија. Го цениме вашиот институционален одговор и посветеност на безбедноста на сите граѓани, без оглед на потеклото“, додаде тој.
За потсетување, „Кликс“ претходно денес објави дека меѓу убиените се двајца млади луѓе по потекло од Босна и Херцеговина – 17-годишна ученичка со иницијали К.Ј. и девојка Х.А. Информациите за идентитетот на жртвите беа потврдени за Кликс од имамот во Грац, Сабахудин Хасиќ.
Свет
Експлозија на товарен брод во близина на Индија, објавени фотографии

Товарен брод што пловел под знамето на Сингапур покрај јужниот брег на Индија се запалил и експлодирал синоќа, соопшти индиската крајбрежна стража, објави АП.
Од 22 члена на екипажот на бродот MV Wan Hai 503, 18 биле евакуирани со помош на индиската морнарица и крајбрежна стража, додека по четворица други сè уште се трага, изјави офицерот Амит Унијал.
Еден од спасените членови на екипажот е сериозно повреден. Меѓу исчезнатите се двајца Тајванци, еден Индонезиец и еден државјанин на Мјанмар.
„Бродот моментално е во неконтролирано движење и започнати се операции за гаснење пожар“, рече Унијал. Тој додаде дека приоритетите се спасување на екипажот, гаснење на пожарот и спречување на можна еколошка штета.
Во потрагата се вклучени авион од типот „Дорниер“ и неколку бродови на индиската морнарица. Леталото се користи за поморски надзор и пребарување и спасување. Пожарот избувнал на околу 163 километри од брегот во близина на градот Бејпор во јужната индиска држава Керала.
Според соопштението за медиумите, експлозијата се случила во еден од контејнерите на бродот, а потоа пожарот се проширил на другите контејнери. Причината за експлозијата сè уште е непозната.
Бродот долг 271 метар исплови од пристаништето Коломбо во Шри Ланка на 7 јуни и требаше да пристигне во Мумбаи вчера. Бродот го управува сингапурската компанија „Ван Хаи Лајнс“, потврдија сингапурските власти.