Свет
Кој е будала да пријави црни пари?
Пријавувањето на акциите, колите, становите и куќите стекнати од бизниси на црно, или од неоданочени пари може да се изврши до 30 јуни годинава, но никој се уште не се пријавил да си го легализира капиталот
НИКОЈ НЕ СЕ ФАЌА НА ПРЕДИЗБОРНИОТ ЈАДЕЦ НА СДСМ
Пријавувањето на акциите, колите, становите и куќите стекнати од бизниси на црно, или од неоданочени пари може да се изврши до 30 јуни годинава, но никој се уште не се пријавил да си го легализира капиталот
Имотите, акциите, куќите и становите стекнати од црни пари државата ќе ги контролира наназад 10 години. Тоа значи дека даночните инспектори ќе можат секого да го прашаат од каде му се парите за куќата изградена во 1996 година. И токму на неколку месеци пред избори.
Ова е новото решение во Законот за даночна постапка, што ќе се применува од први април во посебните постапки за оданочување со 70 отсто на непријавените приходи или имот стекнат од нив. Владата го промовираше новиот начин за справување со перењето пари и даночниот криминал на крајот на минатата година, со носењето измени на Законот за персоналец со кои даночниците добија можност да покренат посебна постапка за задолжување со персонален данок на било кој граѓанин за кој ќе утврдат дека има имот или пари поголеми од оданочените или за кои се сомневаат дека воопшто не се оданочени. Според јануарската регулатива, застареност на правото за утврдување на данокот настануваше за пет години по стекнувањето на имотот или парите.
Со новите решенија, граѓаните добија можност од шест месеци, сметајќи од први јануари, сами да го пријават неоданочениот имот или пари, и доколку тоа го направат, немаат да треба да плаќаат казнен данок од 70 отсто, туку по регуларните стапки од 15, 18 и 24 отсто. Пријавувањето на акциите, колите, становите и куќите остварени од приходи од неоданочени пари, што се стекнати од бизниси на црно, или од неоданочени пари од членување во управни одбори или од дивиденди, може да се изврши до 30 јуни годинава. За оваа можност даночните експерти велат дека е обид за амнестија на капиталот. Но, тие се истовремено зачудени зошто власта, ако тоа и била целта, не ја промовира можноста гласно, туку грото од луѓето не ни знаат дека постои ваква постапка.
Извори на "Вест" велат дека не само што досега никој не пријавил, туку и да сакал немал на што – дури деновиве е изготвен правилникот и образецот "Пријава за утврдување на персоналниот данок од доход на неоданочени или недоволно оданочени приходи". Изминативе три месеци биле потребни за да се расчисти дилемата дали во образецот треба да се напише само износот на парите кои се пријавуваат (што било став на Управата за јавни приходи) или и имотот во кој тие пари се претворени, на што инсистирало Министерството за финансии.
Од јули, даночните инспектори би требало да тргнат во специјални истраги, но како тие ќе бидат изорганизирани, дали според постапките предвидени за финансиската полиција или поинаку – уште не се знае. Инспекторите би делувале по пријава, врз основа на укажување на друг орган или доколку во друга контрола се посомневаат во постоење на неоданочени пари или имот. Осомничениот за поседување неоданочен имот сам ќе треба да го докаже потеклото на парите. Оттука и скриената можност за политички подметнувања, токму спроти парламентарните избори.
Уште откако власта ја најави варијантата за зголемено оданочување на непријавените приходи, не стивнаа коментарите дека тоа е уште една предизборна финта со која божем ќе се расчистува со имотот стекнат на црно, а всушност станува збор за веќе еднаш видено сценарио кое не резултираше со ништо. Власта предводена од СДСМ воведе слично решение и во изборната 1998 година, кое предвидуваше 100 отсто поголем данок за поседување неоданочен имот, но никој не плати таков износ. Во 2001, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, ги избриша одредбите од законот. "Интересно ќе биде ако оние што ги донесоа решенијата, треба да ги применуваат и по изборите", коментираат извори на "Вест".
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Републиканец тврди: Досиејата за Епстин се кријат поради врски со Израел
Републиканскиот конгресмен, Томас Масие, изјави дека документите поврзани со починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин ѝ се ускратуваат на јавноста поради неговите наводни блиски врски со израелските и американските разузнавачки служби.
Според Масие, причините за блокирање на објавувањето на досиејата лежат и во тоа што тие би можеле да компромитираат влијателни милијардери и политички донатори.
Масие смета дека постои организиран напор да се спречи објавувањето на документите. „Постои настојување ова да се запре и верувам дека ќе се обидат да го запрат и на друго место, но тоа ќе им се врати како бумеранг“, изјави конгресменот.
Во изминатите години, Масие се позиционираше како еден од почестите републикански критичари на Трамп, јавно разидувајќи се со него по прашања од надворешната политика, извршните овластувања и транспарентноста на власта.
Во последните недели беа објавени нови документи поврзани со врските на Епстин со влијателни личности, во кои Трамп се споменува повеќе илјади пати. Се проценува дека остануваат уште околу два милиона необјавени списи. Опозицијата, критичарите, но и дел од републиканците, изразуваат сомневање дека актуелната администрација го крие целосното објавување на документите и ги цензурира објавените со цел да заштити влијателни личности.
Свет
Орбан: Нападите од Украина врз мене достигнаа ново ниво
Украинскиот претседател директно се вклучи во изборната кампања на Унгарија со напаѓање на нејзината влада, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој рече дека политичките напади од Украина достигнаа ново ниво, објави унгарската новинска агенција МТИ.
„Кога претседателот (Володимир) Зеленски ме напаѓа лично затоа што не го поддржуваме забрзаното пристапување на Украина во Европската Унија, тој всушност ја доведува во прашање суверената одлука на унгарскиот народ“, тврди лидерот на Фидес.
Орбан верува дека Унгарците покажаа дека не сакаат Украина да стане дел од ЕУ во анкетата Vox2025. Ова е владина иницијатива за необврзувачка национална консултација спроведена во 2025 година. Во земја со околу 9,6 милиони луѓе, владата тврди дека 2,2 милиони луѓе учествувале во анкетата.
„Како премиер на Унгарија, моја должност е да ги исполнувам одлуките на унгарскиот народ. И ќе го правам тоа, одново и одново, без разлика дали на претседателот Зеленски му се допаѓа или не“, заклучи Орбан.
Премиерот на Унгарија, земја која беше исклучително зависна од руската енергија пред војната во Украина, и за која критичарите велат дека не е подготвена да се откаже од оваа поповолна финансиска опција, неодамна ја прогласи Украина за „непријател“ на Унгарија.
„Украинците мора да престанат постојано да бараат во Брисел да се прекине протокот на евтина руска енергија кон Унгарија“, рече Орбан минатата недела.
„Додека Украина го прави ова, таа е наш непријател“, заклучи унгарскиот премиер, кој ја посети Москва најмалку три пати од почетокот на офанзивата во Украина.
Орбан ги претставува изборите во април како одлука „за војна или мир“, а аналитичарите веруваат дека тој одлучил да се фокусира на украинското прашање во кампањата за да избегне да зборува за унгарската економија, која стагнира по зголемената инфлација.
фото/Depositphotos
Регион
Радев со највисок рејтинг во Бугарија, покажува анкета
Новата политичка формација, предводена од досегашниот претседател Румен Радев, би добила 25,6 отсто поддршка доколку изборите се одржат денес, покажува анкета на „Маркет Линкс“, спроведено од 7 до 13 февруари 2026 година на примерок од 1.019 полнолетни испитаници. Истражувањето е реализирано во соработка со „БТВ“.
ГЕРБ–СДС е втора политичка сила со 15,4 отсто, по што следуваат ПП–ДБ со 12,5, ДПС – Нов почеток со 10,5 проценти и „Преродба“ со 4,5 отсто. Под изборниот праг од 4 проценти остануваат неколку помали партии.
Според анализата, новата формација на Радев најголем дел од поддршката ја добива преку прелевање гласови од постојните парламентарни партии, но и од гласачи кои не учествувале на изборите во октомври 2024 година.
Истражувањето покажува дека довербата во Радев по напуштањето на претседателската функција пораснала за 6–7 процентни поени.
Во однос на излезноста, 56 отсто од испитаниците изјавиле дека сигурно би гласале на евентуални предвремени избори, што укажува на можност за повисока мобилизација во споредба со претходните изборни циклуси.

