Свет
Неколку убиени и 130 уапсени во Кербала
Неколку лица биле убиени, а 131 биле уапсени во близина на светиот ирачки град Кербала, во акција на ирачките сили за безбедност, потпомогнати од Американците.
Неколку лица биле убиени, а 131 биле уапсени во близина на светиот ирачки град Кербала, во акција на ирачките сили за безбедност, потпомогнати од Американците. Во операцијата која започнала во петокот ноќта, а завршила синоќа, биле запленети и околу три тони експлозив, три подготвени возила-бомби, стотици минофрлачки гранати, огненострелно оружје и друга муниција. Ирачките власти претпоставуваат дека сиот тој арсенал бунтовниците планирале да го употребат за напади за време на денешните шиитски религиозни прослави наречени Ал Арбаин, кога се собира огромен број верници во храмовите во Кербала и Наџаф. Ова е втора голема акција на ирачките и американските сили за една недела, по онаа изведена во Тикрит./крај/бгнес/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи насоки, прописи и правни толкувања, а Трамп ја потпиша опкружен со деца.
Републиканците велат дека ова ја враќа правичноста кон спортот. Регулативата, која стапува на сила веднаш, во голема мера ги опфаќа средните училишта, универзитетите и масовниот спорт. Голем број спортски управни тела, вклучително и пливање, атлетика и голф, веќе им забранија на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спорт на елитното ниво доколку поминале низ машки пубертет.
BREAKING: Pres. Trump signs an executive order banning transgender athletes from participating in women's sports. https://t.co/nrACqVTkKU pic.twitter.com/l8w44cmH4L
— ABC News (@ABC) February 5, 2025
Регулативата го овластува Министерството за образование да испита како образовните институции го спроведуваат, законот на САД кој забранува полова дискриминација во образовните програми финансирани од федерално ниво.
„Ако дозволите мажи да влезат во женски спортски тимови или ги окупираат вашите соблекувални, ќе бидете под истрага за прекршување на законот и ќе го ризикувате вашето федерално финансирање“, објасни Трамп.
Претставник на администрацијата на Трамп потврди дека Соединетите Држави ќе направат се што можат за да ги спречат трансродовите жени да се натпреваруваат против жени на натпреварите на Меѓународниот олимписки комитет што се одржуваат на американско тло.
Трамп прецизираше дека регулативата ќе важи и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Белата куќа соопшти дека оваа регулатива е во согласност со желбите на американскиот народ и ќе обезбеди правичност за жените во спортот, како и нивна безбедност.
Свет
По САД и Аргентина најави напуштање на СЗО
Аргентина ќе ја напушти Светската здравствена организација (СЗО) поради неадекватното управување со пандемијата на Ковид-19, изјави денеска портпаролот на десничарскиот претседател Хавиер Милеј, пренесува ДПА.
„Претседателот нареди повлекување од СЗО поради длабоките разлики во врска со управувањето на СЗО, особено за време на пандемијата на ковид-19“, изјави Мануел Адорни, мислејќи на воведувањето на повеќемесечен карантин во Аргентина за време на владеењето на претходната левичарска влада.
Оваа одлука следи две недели откако претседателот Доналд Трамп ја најави американската одлука да ја напушти оваа здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат.
На почетокот на пандемијата во 2020 година и Јужна Америка, како и Аргентина, воведе многу строги мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Полициски час беше во сила подолго отколку во речиси која било друга земја на светот и, во некои случаи, луѓето можеа да излегуваат од своите домови само за неопходни набавки и лекарски прегледи.
Свет
Руски воен аналитичар: Украинците веќе развиваат сопствено нуклеарно оружје
Украина веќе работи на развој на сопствено нуклеарно оружје, а неговото тестирање би можело да се изврши во регионот Полтава, изјави за Инфо24 воениот аналитичар и вонреден професор на Катедрата за политичка анализа и социо-психолошки процеси на Рускиот економски универзитет Плеханов, Александар Перенџиев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните земји да му го „вратат“ нуклеарното оружје на Киев како компензација за нивното одбивање да ја примат Украина во НАТО. Дополнително, украинскиот лидер ги повика западните партнери да помогнат во зајакнувањето на украинската армија опремувајќи ја со најновите ракетни системи.
“Не е случајно што Зеленски постојано зборува за нуклеарно оружје. Сосема е можно Киев веќе да развива сопствено нуклеарно оружје. Има и одредени факти кои индиректно го потврдуваат тоа. Конкретно, неодамнешниот земјотрес кај Полтава може да биде поврзан со тестирање на нуклеарно оружје”, објасни Перенџиев.
Тој исто така додаде дека Украина има се што и е потребно за да направи атомска бомба. Во исто време, тој изрази уверување дека Русија нема да дозволи Киев да го добие и ќе направи се што е потребно за да го спречи спроведувањето на нуклеарната програма на Украина.
„Режимот во Киев има одредени способности да создаде нуклеарно оружје. Украина ја зачува научната база, документацијата, па дури и одреден персонал кој претходно работел во оваа област. Сепак, за нуклеарното оружје е потребна инфраструктура. Доколку се појави, Русија веднаш ќе изврши напад врз овие објекти“, заклучи Перенџиев.