Свет
Државата нема пари за ремонт на РЕК „Битола“
Државата продолжува со скандалозни потези во енергетскиот сектор, обвинија вчера од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, нелогично е државата јавно да признае дека нема пари за редовниот годишен ремонт, а потоа да троши два милиона евра за автоматизирање на термоелектраната.
ВМРО-ДПМНЕ
Државата продолжува со скандалозни потези во енергетскиот сектор, обвинија вчера од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, нелогично е државата јавно да признае дека нема пари за редовниот годишен ремонт, а потоа да троши два милиона евра за автоматизирање на термоелектраната.
Станува збор за договорот што АД ЕЛЕМ и РЕК „Битола“ го потпишаа со швајцарската компанија „Емерсон Процес“, тежок два милиона евра, за инсталирање на опрема за автоматизирање на работата на третиот блок во РЕК „Битола“.
– Во минатата недела менаџерите на РЕК „Битола: и на АД ЕЛЕМ објавија дека немаат пари ниту за редовниот годишен ремонт, за неколку дена подоцна да потпишат ваков договор, иако за автоматизирање сега нема никаква потреба зашто енергетската состојба и така е тешка – вели Атанаско Туневски.
Туневски вели дека, за да се инсталира опремата за автоматско водење на производството, третиот блок во РЕК ќе мора да биде исклучен 60 дена, што значи дека таа енергија ќе мора да се надомести или од увоз или со испуштање на водите од хидроцентралите.
– Оваа енергија ќе ни биде неопходна во зимските месеци, кога државата сигурно ќе има дефицит на електрична енергија – порача Туневски.
За средување на состојбите во енергетскиот сектор, од ВМРО-ДПМНЕ побараа прво да се смени соодносот во формирањето на цената на електрична енергија. Според нив, нелогично е Дистрибуцијата да добива 42 отсто од цената на струјата, а производителот и преносниот систем, односно ЕЛЕМ и МЕПСО во цената да учествуваат само со 49 отсто и со 9 отсто. (С.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Турција прогласи ден на национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Раиси
Турскиот претседател, Реџеп Taјип Ердоган, синоќа изјави дека Анкара ќе прослави Ден на национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и другите кои загинаа во хеликоптерска несреќа, пренесе „Ројтерс“.
„Одлучивме да прогласиме ден на национална жалост во нашата земја за да го споделиме длабокото страдање на иранскиот народ“, рече Ердоган за време на телевизискиот настап.
Шефот на државата, исто така, нагласи дека Турција продолжува да ја цени силната поддршка на Техеран за палестинската кауза.
Свет
Мал град во Јапонија изгради ограда: не сака туристите да ја фотографираат планината
Јапонскиот град Фуџикавагучико денеска постави голема мрежеста бариера на популарното место за гледање на планината Фуџи во обид да го одврати се поголемиот број туристи од фотографирање.
Најпознатата глетка во Јапонија може да се види со километри наоколу, но на локалното население во Фуџикавагучико им е преку глава од приливот на претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, навлегуваат во приватен имот и ги кршат сообраќајните правила во потрага по фотографија за споделување на социјалните мрежи.
Паркирајќи незаконски и игнорирајќи ја забраната за пушење, тие се собираат на тротоарот за да ја фотографираат планината покриена со снег, велат жителите. Работниците денеска почнаа да ја поставуваат црната мрежа со димензии 2,5 на 20, а до доцна утрото веќе беа готови, изјави новинар на АФП од местото на настанот.
„Се надевам дека мрежата ќе ги спречи тие опасни акции на туристите“, изјави за „АФП“ жителот Мичи Мотомочи (41), кој води традиционална јапонска продавница за слатки.
„Мислам дека е разочарувачки што го поставуваат. Сè уште е иконска глетка. Бевме тука синоќа, пред да ја издигнат оградата, а имаше толку многу луѓе“, рече Кристина Ројс ( 36), турист од Нови Зеланд.
„Но, таа одлука е сосема разбирлива. Тоа е доста опасно поради сообраќајот што минува. Има и други места каде што можете да ја фотографирате планината”, објаснува туристот.
Свет
Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: Јужна Италија за пет часа регистрираше 150 потреси
Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчера вечерта и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол во јужна Италија, кои не предизвикаа големи штети, но посеаа паника меѓу населението, соопштија властите. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
INGV забележа десетици послаби потреси на земјата во следните часови. Вкупно, околу 150 земјотреси ја погодија областа за помалку од пет часа, почнувајќи од 19:50 часот. Според Мауро Ди Вито од INGV „ова е најмоќната серија земјотреси во последните 40 години“.
#Terremoto ai Campi Flegrei, scosse fino a 4.4 di magnitudohttps://t.co/oWTVlBpEUp pic.twitter.com/q22XVHUq7z
— 361magazine (@361_magazine) May 21, 2024
На видеата на жителите објавени на социјалните мрежи, може да се видат шишиња со млеко и пијалоци расфрлани на теренот на продавниците во општината Позуоли во областа на Флегранските полиња, каде живеат околу половина милион луѓе. Земјотресот беше јасно почувствуван и во Неапол, вклучително и пристаништето.
🔴#Terremoto #CampiFlegrei: 150 scosse in poche ore
Quella di #magnitudo 4,4, la più forte degli ultimi 40 anni
Paura anche a #Napoli
Tende a #Pozzuoli e #Bagnoli, notte in auto per molti. Oggi scuole chiuse#earthquake #Naples pic.twitter.com/SX0EJIS7no— Tv2000.it (@TV2000it) May 21, 2024
Училиштата денеска ќе останат затворени во Позуоли, каде што се отворени сместувачките центри и се поставени шатори на паркинг и плоштад покрај морето за да се сместат во паника жителите, објави на Фејсбук градоначалникот на градот, Луиџи Манцони. Од противпожарната бригада велат дека жителите пријавиле пукнатини во куќите и делови кои паднале од фасадите на зградите.