Свет
Канадски "Ерин Венчерс" ја губи "Саса" за неплатени 75 евра?

Канадската фирма “Ерин Венчерс”, која е прворангирана на четвртиот тендер за продажба на “Саса”, можно е да биде дисквалификувана од трката за рудникот бидејќи не платила банкарска провизија од 75 евра.
ДОВЕРИТЕЛИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ ВО АПРИЛ
Канадската фирма “Ерин Венчерс”, која е прворангирана на четвртиот тендер за продажба на “Саса”, можно е да биде дисквалификувана од трката за рудникот бидејќи не платила банкарска провизија од 75 евра.
Според информациите на “Дневник”, Канаѓаните, кои понудија четири милиони евра, при префрлањето на 100.000 евра како банкарски депозит за учество на тендерот, не ја платиле банкарската провизија. Во документите што ги доставила фирмата стои дека провизијата треба да ја плати тој што ги примил парите. Ова ги збунило доверителите, кои деновиве ќе бараат правен совет дали со ова се прекршени тендерските правила.
Собранието на доверители е закажано за 14 април и на него треба да се одлучи која од двете пристигнати понуди ќе биде прифатена. “Ерин Венчерс” понуди четири милиони евра за “Саса”, рестартирање за шест месеци, враќање на работа на 512 рудари и инвестиции од 14,5 милиони евра до крајот на 2006 година. Руската компанија “Ромтрејд”, која ја купи скопската топилница, заедно со сопственикот на “Бучим”, Павел Малиновски, понуди 3,02 милиони евра, рестартирање за пет месеци, враќање на 920 рудари и инвестиции од 26 милиони долари до крајот на 2006 година. Русите најавија дека се заинтересирани и за велешката топилница и за рудникот “Тораница”, за кој американската фирма “Ксеминекс” се уште не уплати уште 600.000 евра. (А.Ф.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан вели дека светот е побезбедно место по средбата меѓу Трамп и Путин

Светот е побезбедно место по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други“, напиша Орбан на Фејсбук.
Тој додаде дека сега таа практика е завршена.
„Светот денеска е побезбедно место отколку што беше вчера“, рече Орбан.
Светските лидери денес реагираа на самитот меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, а како што објавија медиумите, реакциите беа поделени – некои го критикуваа недостатокот на конкретни резултати, додека други ја нагласија важноста на самиот дијалог.
Свет
Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала кон Украина

Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала и една балистичка ракета кон територијата на Украина, објавија утринава украинските воздухопловни сили.
Нападите во текот на ноќта беа насочени кон области на линијата на фронтот во регионите Суми, Доњецк, Чернигов и Дњепропетровск, објавија воздухопловните сили на каналот Телеграм.
Оттаму, исто така, наведуваат дека нивните единици за противвоздушна одбрана уништиле 61 беспилотно летало.
Главниот штаб на украинските вооружени сили објави во својот дневен утрински извештај дека во текот на изминатите 24 часа на линијата на фронтот имало 139 судири со непријателот.
Од друга страна, руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 29 украински дронови над различни руски региони, вклучувајќи 10 беспилотни летала над Ростовскиот регион, објавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, по нивната вчерашна средба во Алјаска, не споменаа ништо за потенцијален прекин на огнот во војната во Украина.
Свет
Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА.
Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.
„Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната“, рече Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“