Свет
Застаре и пријавата против Ленче Софрониевска
Прекршочната пријава против претседателката на РСС Ленче Софрониевска за задоцнето пријавување на имотот, деновиве застарела и со тоа запрела судската постапка против неа, дознаваме од судски извори.
Прекршочната пријава против претседателката на РСС Ленче Софрониевска за задоцнето пријавување на имотот, деновиве застарела и со тоа запрела судската постапка против неа, дознаваме од судски извори.
Повеќе од две години скопскиот Основен суд 1 не одлучувал зошто Софрониевска со задоцнување го пополнила анкетниот лист за имотната состојба. Освен за претседателката на РСС, во судските фиоки застареле уште 130 прекршочни пријави што Државната комисија за спречување на корупцијата ги поднела против функционерите што не ја пријавиле или со задоцнување ја пријавиле имотната состојба.
Комисијата ја поднела пријавата против Софрониевска на 7 мај 2004 година, а застареноста на прекршокот настапува по две години. Во пресудата на скопскиот Основен суд 1 до која дојде „Време“ се вели дека во текот на постапката се утврдило дека прекршокот бил направен на 23 септември 2003 година, па со оглед на тоа дека поминале две години постапката запира. Зошто судот чекал и не одлучувал по пријавата, вчера не успеавме да добиеме одговор.
– Судиите не можат да коментираат за одлуките, затоа што за тоа си има надлежни лица. Пријавите застаруваат од најразлични причини, а една од нив е бавната достава – ни рече вчера Јулија Чавдар-Христова, судијката што го водела прекршочниот предмет против Софрониевска.
Претседателката на РСС рече дека не знае дека пријавата и застарела, со оглед на тоа што судот за тоа го известува само подносителот.
Државната комисија за спречување на корупцијата од 2003 година има поднесено околу 150 барања за поведување прекршочна постапка против именувани функционери што не ја пријавиле имотната состојба. Од нив, 92 се против членови на управни одбори на јавни претпријатија, фондови или дирекции, 16 против директори на јавни претпријатија, 12 против судии и заменици јавни правобранители, 11 градоначалници, седум амбасадори, тројца пратеници, еден конзул, двајца заменици-министри, три лица од Генералштабот на АРМ и други.
Во извештајот на комисијата пишува дека судовите многу бавно одлучуваат по пријавите со оглед на тоа што само против 21 лице досега била изречена парична казна. Другите или поминале само со прекршочна опомена или, пак, делото застарело, како во случајот со претседателката на РСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.