Контакт

Свет

Владата инсистира да се расчисти „Бачило“

Објавено пред

Владата инсистира да се расчисти случајот „Бачило“, во кој државата исплати 727 илјади евра за штета што ја направил хеликоптер на АРМ во конфликтот во 2001 година.

ПО МИСЛЕЊЕТО НА ВРХОВНИОТ СУД

Владата инсистира да се расчисти случајот „Бачило“, во кој државата исплати 727 илјади евра за штета што ја направил хеликоптер на АРМ во конфликтот во 2001 година.

Врховниот суд завчера побара, покрај судијката што ја досудила отштетата, да одговараат и другите претставници на државните институции што учествувале во случајот.

 

– Владата инсистира случајот да се расчисти докрај. Ние веќе побаравме да се утврди одговорноста на сите учесници, вклучувајќи го и Јавното правобранителство. Го очекуваме понатамошниот развој на настаните. Ќе инсистираме да одговараат сите кај кои ќе се утврди каква било политичка, морална или кривична одговорност – изјави вчера владиниот портпарол Сашо Чолаковски.

 

Ќе се утврдува одговорност на припадник на МВР што составил службена белешка, на судии на Апелацискиот суд што одлучувале за меѓупресуда во случајот, со која е утврдено дека државата причнаправила штета, и на јавниот обвинител и на правобранителот.

 

За сите нив Врховниот суд утврди нерегуларно постапување во случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Торнадото во Далас профучи недалеку од имотот на Буш

Објавено пред

Торнадото, кое предизвика големи штети во северниот дел на Далас, во сојузната американска држава Тексас, профучело недалеку од домот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот и неговата сопруга Лора.

Куќата на Буш не е оштетена, а нивниот портпарол Фреди Форд во изјава рече дека тие се безбедни и се молат за останатите кои не биле толку среќни, објави агенцијата АП.

Десетици илјади домови и продавници во Далас останаа без струја заради торнадото што го погоди градот.

Ветровите што го погодија Далас достигнале брзина од 140 километри на час, а во 16 окрузи во Тексас прогласена е вонредна состојба поради елементарна непогода.

Неколку куќи биле сериозно оштетени недалеку од аеродромот, додека самиот аеродром не претрпел материјална штета.

Во источна Оклахома загинаа три лица, од кои двајца тинејџери кои починале од труење со јаглерод диоксид додека се обидувале да вклучат осветлување, додека едно лице загинало кога дрво паднало врз куќа.

На аеродромите во северен Тексас и Арканзас се откажани летовите, како и на меѓународниот аеродром во Далас.

Прикажи повеќе...

Европа

Руски мразокршач заробен од невреме во западниот брег на Норвешка

Објавено пред

Руски мразокршач, со 33 членови на екипажот, повикал на помош за време на невреме во западниот брег на Норвешка, објави денеска норвешкиот спасувачки координативен центар.

Норвешката Служба за спасување изјавила дека на мразокршачот прво му откажал моторот, но потоа успеал да ја врати делумната способност за маневрирање, пренесува „Ројтерс“.

Како што се истакнува, сите членови на екипажот се добри, мразокршачот не е во опасност и продолжил да плови по својата редовна рута, пренесува ТАСС.

Прикажи повеќе...

Европа

Трудо: Канаѓаните ги отфрлија поделбите

Објавено пред

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој освои втор манадат, им порача на Канаѓаните дека ги отфрлиле поделбите и избрале програма за напредок.

Трудо на вчерашните парламентарни избори, според првичните процени, го победи конзервативниот ривал Ендру Шир. Тој го изгуби мнозинството, но оствари изненадувачки добар резултат и покрај тоа што беше ослабен со низата скандали што му го нарушија имиџот на либерален политичар, наведе АП.

Агенцијата коментира дека канадскиот премиер го прекршил протоколот, бидејќи одржал говор во исто време кога се обраќал и неговиот политички опонент Шир.

Трудо истакна дека ќе работи и за тие кои не гласале за него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што...

Свет32 минути

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет2 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион2 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет2 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион2 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион15 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет16 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија18 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ19 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија20 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија22 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ22 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија23 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет1 ден

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа1 ден

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Досие