Свет
Предизборно, работа за 26 цариници по Рамковен
Вицепремиерот Муса Џафери потврдува дека квотата за цариници била подолг период договарана за да се подобри застапеноста на албанската етничка заедница ама досега се водела сметка да не се наштети на аранжманот со ММФ
КАКО СЕ ПРАВИ МАЛА И ЕФИКАСНА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Вицепремиерот Муса Џафери потврдува дека квотата за цариници била подолг период договарана за да се подобри застапеноста на албанската етничка заедница ама досега се водела сметка да не се наштети на аранжманот со ММФ, да нема реакции на другите заед
Царинската управа пред избори ќе прими 26 цариници од албанската етничка заедница. Но, огласот за нивно вработување не го објави Царината туку Агенцијата за државни службеници. Според вчерашната објава, се бараат 26 помлади соработници за царински работи, за вработување во Генералниот секретаријат на Владата. Агенцијата прецизирала дека при селекцијата и вработувањето на кандидатите ќе се применува начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
Кандидатите треба да имаат завршено факултет за туризам и угостителство – отсек царина и шпедиција, да знаат англиски и да се без работно искуство.
Во Царинската управа, од 840 вработени, околу 8 проценти се од албанска националност. Со овие 26, процентот ќе се искачи на 11.
Според огласот не се чита на прва дека Царината ќе се засилува со вработувања по Рамковен. Владини извори велат дека ова бил единствен начин да се избегне 10-дневната блокада на Царината, колку што трае пријавувањето на кандидатите. Неофицијално, се очекуваат притисоци како од припадниците на албанската етничка заедница, така и од незадоволните дипломирани цариници – македонци.
Вицепремиерот Муса Џафери, задолжен во Владата за реализација на проектот за правична застапеност на етничките заедници, потврдува дека квотата за цариници била подолг период договарана за да се подобри застапеноста на албанската етничка заедница во оваа институција. На прашањето зошто тоа се совпаднало со предизборието, вицепремиерот Џафери вели:
"Не сакам да се правдам, ама досега постојано излегуваа пречки. Водевме сметка да се подобри застапеноста на албанската етничка заедница без да се наштети на аранжманот со ММФ, да нема реакции на другите заедници, да не се нарушат политичките и партиските релации. Подобро ќе беше да не е пред избори, но правено е за 4 години владеење да има подобруцвање во застапеноста, без оглед како тоа ќе го прифати јавноста", ни изјави Џафери.
Ова е прво вработување на цариници со високо образование во оваа Влада. Во 2004, според програмата ПАЦЕ што ја финансираше меѓународната заедница. во Царинста управа влегоа 10 среднисти од албанска националност.
Мината влада, непосредно пред изборите, прими 150 луѓе.
Директорот на Царинската управа, Владе Диневски вели дека оние 26 кандидати кои ќе ги одбере Агенцијата, во царината ќе добијат решенија за пробна работа од шест месеци до една година. "Ќе им биде одреден ментор, и доколку ги исполнат условите, по овој период ќе добијат статус на овластени службеници и ќе бидат распоредени низ сите служби на Царинската управа. (А.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска: ЕУ треба да ги разгледа сите опции поради царинските закани на Трамп
Европската унија треба да ги разгледа сите достапни опции како одговор на обновената закана за царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници, изјави данската министерка за економија Стефани Лосе.
Лосе разговараше со новинарите пред состанокот на министрите за финансии и економија на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Таа ја нагласи потребата блокот да ги разгледа реакциите на потенцијалните американски мерки што би можеле да влијаат на трговските односи со членките на Унијата, пренесува Танјуг.
Свет
„Престанете да го смирувате тиранинот од Вашингтон“: Kаламар порача Европа да се спротивстави на Трамп
Европа мора да престане да се обидува да го „смири“ американскиот претседател Доналд Трамп и наместо тоа да му се спротивстави нему, како и на другите „тирани“ кои се решени да го уништат редот заснован на правила воспоставен по Втората светска војна, изјави денес генералната секретарка на Амнести Интернешнл, Агнес Каламар.
„Ни треба многу посилен отпор“, рече Каламар во интервју за АФП на маргините на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека „кредибилитетот на Европа е во прашање“.
Каламар ги повика европските влади да покажат поголема „храброст“ и да знаат како да „кажат не“.
„Тие мора да престанат да веруваат дека можат да преговараат со тирани, мора да престанат да мислат дека можат да ги прифатат правилата на предаторите без да станат нивни жртви. Ова мора да престане“, рече Каламар, пренесува Хина.
Каламар оцени дека европските лидери минатата година воделе политика на смирување.
„Се обидовме да го смириме тиранинот, предаторот кој живее во Вашингтон и тоа нè доведе кон сè повеќе напади и сè повеќе закани“, рече таа.
Таа потсети дека европскиот проект не е само економски, туку се темели и на вредности и владеење на правото, и изрази надеж дека европските лидери ќе ги искористат сегашните предизвици како можност за повторно потврдување на европскиот проект.
„Ова бара напуштање на политиката на смирување“, заклучи таа, и рече дека „едноставно не функционира“, повикувајќи ја Европа да „се спротивстави“.
Свет
Политико: Трамп го избегнува Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп избегнува контакти со Володимир Зеленски на маргините на форумот во Давос, пишува Политико, повикувајќи се на извори.
„Според експертите за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски многу сака лична средба, додека неподготвеноста да се одржи доаѓа од Белата куќа“, се наведува во статијата.
Шефот на режимот во Киев, верува дека придобивките од комуникацијата со Трамп ги надминуваат можните ризици. Ако тој не комуницира со американскиот лидер, други ќе се справат со тоа, се нагласува во текстот.
По последната средба со американскиот претседател на крајот на декември, Зеленски тврдеше дека страните се согласиле за безбедносни гаранции за Украина.
Во исто време, Трамп пред неколку дена изјави дека Русија е подготвена да склучи мировен договор, додека шефот на режимот во Киев го одложува процесот.
На почетокот на декември, Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Страните ја разгледаа суштината на иницијативата предложена од САД, но не успеаја да најдат компромисно решение. Како што изјави претседателот, Вашингтон ги подели 27-те точки од оригиналниот план во четири пакети и предложи тие да се разгледаат одделно.
Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок на претставници на САД и Украина, чија содржина беше пренесена на Русија преку шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
На крајот на декември, Трамп одржа преговори со Зеленски во Флорида. Шефот на Белата куќа објави дека страните постигнале разбирање за 95 проценти од прашањата. После тоа, тој разговараше по телефон со Путин, кој го информираше за обидот на вооружените сили на Украина да ја нападнат неговата резиденција. После тоа, во Москва беше објавено дека преговарачката позиција е ревидирана, анализира медиумот.

