Свет
Централниот регистар ќе тужи 250 фирми
Централниот регистар ќе тужи голем број успешни компании, поради тоа што тие не ги објавиле финансиските извештаи за минатогодишното работење, заклучно со крајниот рок, до 31 јули годинава.
ДОЦНАТ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ
Централниот регистар ќе тужи голем број успешни компании, поради тоа што тие не ги објавиле финансиските извештаи за минатогодишното работење, заклучно со крајниот рок, до 31 јули годинава.
Меѓу фирмите што ќе добијат тужба се „Македонски телекомуникации“, скопската пиварница, Македонска банка, „Макстил“, „Скопски саем“, „ЕСМ дистрибуција“, МЕПСО и други.
На листата со компании што ќе заработат тужби се дури 250 македонски фирми.
Ако ги загубат судските спорови, за нив се предвидени казни до 2.500 евра и можност за забрана за работа за одговорните лица во период од три до шест месеци. Регистарот првите тужби ќе ги поднесе до судот денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД
Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Гејтс рече дека се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави NBC News.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација Гејтс во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД, велејќи дека работата на агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана во 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред се во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и Источна Европа.
Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе го укине УСАИД, откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот со цел да го намали бројот на вработени во агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп „Америка на прво место“.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.
Европа
Ќе се урива облакодерот во Лондон во кој во пожар загинаа 72 луѓе
Лондонската кула „Гренфел“, која беше зафатена од пламен пред повеќе од седум години во катастрофа, во која загинаа 72 лица, ќе биде урната, соопштија денеска ожалостените семејства и преживеаните.
Пожар ја зафати 23-катницата за социјални станови во една од најбогатите населби во Лондон во раните утрински часови на 14 јуни 2017 година. Тоа беше најсмртоносниот пожар на станбена зграда во Британија од Втората светска војна.
Групата Grenfell Next of Kin (GNK), која ги застапува роднините на речиси половина од загинатите, соопшти дека британската вицепремиерка Ангела Рајнер одлуката за уривање на зградата им ја соопштила на семејствата и на преживеаните на синоќешниот состанок.
Уривањето на кулата, која сè уште стои и е покриена со заштитна фолија, ќе почне дури по осмата годишнина од трагедијата во јуни оваа година, велат семејствата.
Во јавната истрага за пожарот, за катастрофата обвинети се пропустите на владата, градежната индустрија и најзначајно – компаниите вклучени во монтирање на надворешноста со запалива обвивка. Неколкумина преживеани и семејствата веруваат дека каква било кривична постапка е одложена поради истрагата.