Свет
Триесет и тројца разрешени во Царинската управа
Со разрешувањата се поткачени и добар дел на кадрите кои го туркаа приближувањето на Царината до стандардите и праксата во ЕУ и од ноември лани беа вклучени во твининг проектот за соработка со холандската влада кој трае до декември 2008
ЧИСТКА ВО ВТОРИОТ ЕШАЛОН
Со разрешувањата се поткачени и добар дел на кадрите кои го туркаа приближувањето на Царината до стандардите и праксата во ЕУ и од ноември лани беа вклучени во твининг проектот за соработка со холандската влада кој трае до декември 2008
Во саботата во Царинската управа биле поделени решенија за разрешување на 33 советници, помошници директори и началници. Вториот раководен ешалон е сменет во пакет – од старите раководни кадри се останати само два-тројца и тие не знаат што ги чека до крајот на неделата. Неофицијално, сменетите се прераспоредени на места кои одговараат на нивната стручна подготовка.
Во Царинската управа, новиот директор Томе Тасевски не објасни на што се должат смените и најави изјава за крајот на неделава. Министерот за финансии Трајко Славески вели: "Царинската управа е самостоен орган. За разрешувањето немам доволно информации. Најверојатно, разрешувањата се направени по ист принцип како што ги направи Владата. Царинската управа е многу важна институција и целта е да се направат ефикасни тимови за нејзино функционирање. Претпоставувам дека ќе важи иститот принцип како што најави Владата – оние кои покажале добри резултати во работењето повторно ќе бидат поставени на раководни функции", ни изјави министерот Славески.
Неофицијално, со чистката, Владата сакала да расчисти со раководните кадри во Царината кои ги сметала за експоненти на политиката поврзана со митото и корупцијата. Владата сакала и да го скрши отпорот во Царината против носењето на консултантската куќа "Краун Ејџент", што актуелниот премиер сакаше да го направи уште кога беше министер за финансии.
Со разрешувањата се поткачени и добар дел на кадрите кои го туркаа приближувањето на Царината до регулативата, стандардите и праксата на царинското работење во Европската унија. Од ноември лани, македонската царина добива техничка помош од холандската влада преку твининг проектот за соработка кој треба да трае до декември 2008. Неофицијално, Холанѓаните не биле воодушевени од фактот што одново ќе мора да обучуваат луѓе од Царинската управа кои би работеле на твинингот.
Во владиниот Сектор за евроинтеграции по повод разрешувањето на дел од луѓето вклучени во твининг проектот вчера изјавија дека "процесот на евроинтеграции ќе се одвива со постојано темпо".
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

