Свет
Американските специјалци Младиќ го имале 20 пати на нишан
Радио Слободна Европа донесува интервју со американскиот историчар и стратешки аналитичар Чарлс Инграо, во кое тој тврди дека американските специјалци во Босна и Херцеговина барем дваесеттина пати можеле да го упасат Ратко Младиќ.
Чарлс Инграо е професор на американскиот универзитет Пардју и се занимава со историјатот на војните на територијата на поранешна Југославија во последната деценија од минатиот век. Во интервјуто Инграо тврди дека САД никогаш немале намера да го уапсат Ратко Младиќ, ниту другите обвинети за воени злосторства сторени во Босна и Херцеговина и дека американските сили ги попречувале сите обиди што ги преземале единиците на ИФОР за нивно апсење.„Не знаеме што разговарале Младиќ и претставниците на американската војска, но знаеме дека разговарале и дека тоа не заврши со негово апсење“, рекол Инграо.„Во 1996 г., од крајот на февруари до почетокот на јули, припадниците на американската специјална единица во Босна најмалку 20 пати буквално ’на нишан’ го имале конвојот на Младиќ соствен од три возила. Во тој период го следеле во стапка кога се движел меѓу Жепа, каде беше штабот на 65. полк на војската на Република Српска и локациите околу Хан Пјесак. Неколкупати подоцна, истата единица била во придружба на американскиот полковник Џон Батиста кој доаѓал во штабот на 65-от полк на војската на Република Српска на состаноци со Ратко Младиќ…. Припадниците на американската војска не го виделе Младиќ, но според она што мене ми е кажано, нема сомневања дека Батиста тамо се сретнувал со него“, додал Инграо.Клинтон се плашеше од втор МогадишТој тврди дека информациите ги добил од анонимен припадник на таа единица, инаку член на американските разузнавачки служби.На прашањето дали Пентагон знаел за овие состаноци, Инграо одговорил: „Не може ниту да се замисли висок американски воен претставник да се сретне со двојно обвинет за воени злосторства, не само без знаење, туку и без дозвола на Пентагон“.Според дополнителното објаснување на Инграо, Пентагон вака постапувал затоа што не сакал да ризикува напади врз американските војници, а тогашниот американски претседател Бил Клинтон не сакал Босна и Херцеговина да ја претвори во втор Могадиш. Американскиот историчар смета дека првенствената мисија била да се воспостави мир во БиХ, да се раздвојат и обезоружат судрените страни. Апсењето на обвинетите за воени злосторства за американската војска било оценето како ризик кој може да резултира со напади врз американските војници.„Но Пентагон не беше единственито кој се противеше на апсењето на Радован Караџиќ и Младиќ. Кога американската војска влезе во БиХ, претседателот Бил Клинтон имал само една опсесија – БиХ да не се стане втор Могадиш, така што и самиот тој беше целосно неподготвен да му се спротистави на Пентагон, кој одбиваше да ги уапси Караџиќ и Младиќ. Стејт департментот единствен се залагаше за апсење на обвинетите за воени злосторства, бидејќи сакаше стабилна босанска влада, што беше неможно додека на власт беше Караџиќ“, тврди Ингаро.„Нашите извори не можеа со сигурност да ни потврдат дали Ричард Холбрук добил директна анредба од Стејт департментот на Караџиќ да му вети имунитет од кривично гонење, но речено ни е дела може да настапи ’ммногу креативно’, односно дека луѓето од Стејт деапртментот вклучувајќи го и Ворен Кристофер директно или индиректно му рекол да стори се’ што смета дека е потребно за да го тргне од власт Караџиќ“, одговора Инграо на прашањето колку има вистина во одбраната на Караџиќ дека тој со Американците преку Холбрук склучил договор кој му гарантира дека нема да биде гонет од Хашкиот трибунал.Западот ги лажел своите граѓани за БалканотТристотини научници ги испитувало и разобличиле вистинските политички случувања на Балканот во последните две децении. Една од нивните сознанија е дека повеќето западни влади, а посебно американската им претставувале лажни информации на своите граѓани. Шефот на проектот, Чарлс Инграо за Македонија вели дека е тешко веројатно дека ќе постигне значаен напредок.Сосема нова и поинаква светлина на досегашните сфаќања за улогата што меѓународната зедница и САД ја одиграа во политичките и воените случувања кои ги зафатија просторите на Балканскиот Полуостров последните дваесетина години. Тоа го покажува специјалниот извештај што го изработила група од 300 научници, историчари, социолози и правници а што во интервју за Вечерњи новости го најавил Чарлс Инграо, профеор по историја на американскиот универзитет Пардју и директор на проектот „Соочување со југословенските контроверзи“. Во работата на групата научници биле вклучени и експерти од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија, а сознанијата до кои дошле ќе будат презентирани пред јавноста кон крајот на јануари.„Владата на САД ги лажела своите граѓани во врска со решителноста да се уапсат сите обвиенти за воени злосторства, не само на Радован Караџиќ, кому Ричард Холбрук му ветил дека нема да биде уаспен ако се повлече од јавната и од политичката сцена, туку и на Ратко Младиќ“, рекол Инграо.Притоа Инграо се осврнал и на приближувањето на државати од западен Балкан кон евриатлантските интеграции. Според него, Хрватска сигурно ќе влезе во Европската унија и тоа наското, бидејќи постигнала голем напредок во достигнување на потребните стандарди, но и заради решителноста на нејзините политички лидери да го сторат тоа што е потребно за да се обезбедин и натаму силната поддршка од Западот. Од друга страна, пак, за Инграо помалку е веројатно дека Босна и Херцеговина, Србија и Македонија ќе постигнат значаен напредок, имајќи ги предвид преовладувачкиот и во голема мера потврден став на земјите од ЕУ дека се избрзало со приемот на државите како Романија и Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска подготвува барање за отштета од Русија за злосторства извршени за време на советската доминација
Полска подготвува барање за отштета од Русија за злосторства извршени за време на советската доминација, потег што следи по претходното барање за исплата на 1,3 милијарди евра од Германија за злосторства од Втората светска војна, пишува „Фајненшл тајмс“.
Бартош Гондек, директорот на институтот на кој премиерот Доналд Туск му довери истражување на руските историски злосторства, рече дека истрагата ќе биде многу посеопфатна од онаа за нацистичките злосторства. Причината, вели тој, е што Полска поминала повеќе од четири децении под советско влијание за време на Студената војна.
Гондек рече дека е „прерано“ да се каже дали отштета од Москва ќе го надмине износот побаран од Берлин во 2022 година.
Неговиот тим од десетина полски историчари и истражувачи се соочува со поголеми пречки отколку во случајот со германското барање, опишувајќи ја истрагата како „долгорочен проект“. Полските историчари немаат пристап до чувствителни руски архиви, а многу релевантни документи биле фалсификувани или уништени за време на советскиот период.
Поднесувањето на барањето би можело дополнително да ги влоши тензиите со Москва, во време кога Варшава го обвинува Владимир Путин за интензивирање на хибридната војна, особено по упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор минатиот септември.
Владата на премиерот Туск, исто така, тврди дека Полска станала најчеста цел на руските кибер напади, а неколку лица се уапсени под сомнение за шпионажа за Русија.
Побарувањето на Полска кон Германија е сè уште нерешено и спорно, дури и на домашната политичка сцена. Германија смета дека прашањето за репарациите е правно затворено по Втората светска војна. Во меѓувреме, десничарската опозициска партија на Полска, Партијата за право и правда (ПиС), тврди дека Туск не направил доволно за да го принуди Берлин да плати.
Проевропската коалиција на Туск беше заменета со ПиС на власт во 2023 година. Аркадиуш Муларчик, член на ПиС во Европскиот парламент кој ја предводеше тужбата против Германија во 2022 година, рече дека неговата партија отсекогаш имала намера да поднесе тужба и против Русија, но подоцна.
Тој го обвини Туск дека сега се обидува да ги искористи жалбите против Москва за да го одвлече вниманието од „ќорсокакот“ во преговорите со Берлин.
„Поставувањето на прашањето за руските репарации е всушност обид да се избегне клучна тема, која е сè уште нерешена одговорност на Германија. Со оглед на тоа што Туск веќе ги присвои успесите на ПиС како свои, не би било изненадувачки ако цинично се обиде да создаде политички капитал каде и да може“, изјави Муларчик за FT.
Свет
Премиерот на Гренланд: Не се чувствувавме загрозени од Русија или Кина, само од Америка
Претензиите на САД кон Гренланд воопшто не се променија, иако реториката на Вашингтон се смири во последните недели и повеќе нема споменување на воена интервенција. Данската премиерка Мете Фредериксен го потврди ова на Минхенската безбедносна конференција минатиот викенд.
Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, нагласија во Минхен дека притисокот што се врши врз жителите на најголемиот остров во светот е неприфатлив. На прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп сè уште сака да го преземе Гренланд, Фредериксен одговори: „За жал, мислам дека желбата е иста“.
PM Frederiksen: “Constructive talk with Secretary of State Marco Rubio together with Jens-Frederik Nielsen, Chairman of Naalakkersuisut, at the Munich Security Conference. Work will continue as agreed in the high-level working group.” pic.twitter.com/NLMnOJVhRq
— Statsministeriet (@Statsmin) February 13, 2026
Во Минхен, Фредериксен и Нилсен се сретнаа со американскиот државен секретар Марко Рубио. Во кратка објава на Икс, данската премиерка го нарече состанокот конструктивен, посочувајќи дека американската страна не се откажува од своите идеи и дека данската страна не попушта.
Малку поконкретен беше данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен, кој за данската телевизија DR изјави дека двете страни се согласиле дека иднината на Гренланд мора да се реши дипломатски, дека преговорите се во тек и дека нема фиксен рок за нивно завршување.
Според министерот, на Американците јасно им било кажано дека секое решение мора да се постигне со почитување на данскиот суверенитет и правото на самоопределување на Гренланд. Леке Расмусен, исто така, потврди дека нема промена во американската позиција, имено дека Трамп сè уште очекува американски суверенитет над Гренланд.
Премиерот на Гренланд предупредува на опасен преседан
Јенс-Фредерик Нилсен пред два дена изјави дека е неприфатливо да се посегнува по териториите на други земји: „Ако почнеме да го прифаќаме овој начин на размислување, ја отвораме вратата кон свет во кој големите сили го делат влијанието меѓу себе без почитување на малите народи и нивното право на самоопределување. Тоа не е светскиот поредок што го сакаме.“
Спротивно на американските тврдења, Нилсен отворено посочи дека САД се тие што создаваат несигурност во Гренланд: „Од наша перспектива, со години живееме во ниска тензија. Не се чувствувавме загрозени од Русија или Кина. Многу жители на Гренланд навистина почувствуваа несигурност за прв пат кога сојузник изврши притисок врз нашата земја, што создаде сомнежи за нашата иднина.“
Свет
Картаполов: „Украина може да победи само ако стане дел од Русија“
Андреј Картаполов, член на одборот за одбрана на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, ги коментираше изјавите на финскиот претседател Александар Стуб, кој изрази верување во победата на Украина во конфликтот со Русија.
„Украина ќе може да го добие овој конфликт само ако стане дел од Русија“, рече Картаполов.
Тој додаде дека европските политичари веќе го сфатиле својот пораз и даваат такви изјави за да се оправдаат пред своите граѓани.
„Тие мора да им кажат нешто на своите даночни обврзници, чии пари ги зедоа и ги предадоа на групата на Зеленски, која ги стави во нивните џебови. Затоа ќе продолжат да велат дека Украина ќе победи“, рече пратеникот.

