Контакт

Свет

Северна Кореа се подготвува за војна

Објавено пред

САД се’ почесто го употребуваат терминот темпирана бомба кога мислат на Северна Кореа. Западот стравуа од тоа што не се знае кој таму го контролира нуклеарното оружје.

dobivaj vesti na viber

Откако е избран нивиот американски претседател Барак Обама, повеќето држави кои ја сочинуваа ткн. „оска на злото“ на Џорџ Буш, се обидуваат се обидуваат да почнат нови односи си САД. Само Северна Кореа продолжува да ја развива и тестира својата спорна неуклеарна технологија, тврдејќи дека станува збор за вселенска програма.„Ќе го казниме секој кој на кој и да е начинќе се ибиде да го спречи нашиот план за тестирање на комуникациските сателити“, беше последното официјално соопштение од Северна Кореа на информациите дека Вашингтон именуваат нов специјален претставник за неа кој треба да тргне во посета на регионот.Северна Кореа се смета за најзатворен политички систем денес во светоткоја има 24 милиони жители, од кои речиси милион и половина добро обучени војници кои живеат како повластена каста. Претпоставката е дека таа има силно атомско оружје, па секоја изјава која доаѓа од нејзиниот политички врв предизвикува загриженост кај соседните држави.Западот е се’ понервозен Меѓународните фактори сакаат да го неутрализираат ова високо ризично кризно жариште, но од почетокот на 2009 г. комунистичкиот врв на Северна Кореа дава се’ повоинствени изјави. Лансирањето на наводниот комуникациски сателит како што тврди Пјонгјанг, западните држави сметаат дека всушност претставува тестирање на ракетата од долг дострел Таеподонг 2. Стравот доаѓа од тоа што теоретси оваа ракета би можела да ја погоди Алјаска, а според некои проценку дури и Лос Анџелес. По престанувањето на преоворите во јануари на шесте држави од регионот и стапување на должност на новата американска администрација, обновени се напорите за намалување на недоразбирањата и тензиите во регионот. Северна Кореа само ја зголемува напнатоста провоцирајќи со најави за тестирање на нови атомски оружја. Западните држави, пак, засега се’ уште се трудат да дознаат кој всушност ги контролира опасните воени арсенали со кои располага Пјонгјанг, во инаку сиромашната држава. Омено од минатото лето се шпекулираше дека претседателот Ким Јонг Ил имал мозочен удар, па дури и дека починал. Но севернокорејската државан новинска агенција KCNA на крајот од јануари објави фоторафии на Ким Јонг Ил како наздравува со чашка алкохол на ручек со кинески функционери при нивна посета во Пјонгјанг. Како што коментираат западните медиуми, со фотографијата на Ким кој претходно во јавноста се немаше појавено десетина месеци, на која тој е помалку пијан но многу ослабен, севернокорајската власт сакала да испрати порака дека тој е во добра форма. Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја прекрши дотогашната табу тема во дипломатијата и за медиуми и при посетата на регионот коментирала она што се шпекулира во дипломатските кругови – што по сегашниот севернокорејски претседател?Запад стравува од севернокорејскиот воен врв?На прашањето за заменикот на Ким, што е важно за креирање на новата стратегија на западот кон Северна Кореа, се’ уште нема одговор. Хилари Клинтон во тој контекст изјавила дека смената на валста би можела да ги закомплицира нуклеарните преговори со Пјонгјанг.Комунистичкиот режим се обиде да ги демантира информациите дека претседателот Ким не е способен да управува со државата, лиферувајќи фоографии и снимки од него на различни церемонии. Новинските агенции на соседните држави тврдат дека најверојанто наследник на Ким ќе биде неовиот најмалд син Ким Јонг Ун. Јужнокорејската новинска агенција YONHAP, повикувајќи се на кинески извори тврди дека Јон Ун е веќе еден од регистрираните за изборите за народното сопбрание на Северна кореа кој ќе се одржат во недела на 8 март.  Но аналитичарите на корејските односи сметаат дека Ким е нерешителен во одредувањето на свој наследник, што, пак, од друга страна го золемува стравувањето дека со Северна Кореа наместо некој од неговите синови, би можеле да завладеат воените команданти, односно некој од досегашните посилни политички фигури. Не е исклучено и дека во борбата за власт по Ким може да додје до внатрешни политичи судири. Тоа за држава која има атомско вооружување и ракети со долг дострел можеда претставува најопасно светско жариште и многу е тешко да се предвиди како ќе реагира воениот врв.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Објавено пред

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече дека кратко откако пристигнал на час во 13:30 часот, се вклучил аларм со упатства за заклучување на вратите.

dobivaj vesti na viber

„Ги зедовме клупите и ја забарикадиравме вратата“, рече тој, додавајќи дека поминале повеќе од два часа правејќи го тоа додека тој добивал фотографии од местото на настанот на својот мобилен телефон.

„Тукушто сега почнувам да разбирам што навистина се случило. Мислам дека ја познавав една од жртвите, но сè е сè уште многу свежо“, рече Квист.

Тој ја опиша ситуацијата како „скоро надреална“. „Се чувствував како да сум на место што го видов само на телевизија“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Објавено пред

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот.

dobivaj vesti na viber

„Ова е ужасна и незамислива трагедија“, рече тој. „Не можеме ни да замислиме низ што минува заедницата. Но, знам дека сето ова нè тера да ги прегрнеме нашите деца малку поцврсто вечерва“.

Премиерот Иби рече дека полицајците, кои пристигнале на местото на настанот во рок од две минути од повикот, можеби спречиле уште поголема трагедија со нивниот брз одговор. Тој исто така нагласи дека полицијата сè уште ги известува семејствата на жртвите.

Според Иби, брзото пристигнување на полицијата значело дека „е спречено катастрофалната трагедија да биде многу полоша“.

Тој нагласи дека полицајците ги ризикувале сопствените животи брзајќи кон училиштето. „Тоа е херојски чин и им сум многу благодарен“, рече Иби. Полицијата објави дека вооружениот напаѓач бил пронајден мртов во училиштето и дека се сомнева на самоубиство.

Одговарајќи на прашања од новинарите, Иби потврди дека полицијата „продолжува да контактира со семејствата и најблиските роднини“ на жртвите. „Очекувам дека наскоро ќе добиеме нови информации од полицијата“, рече тој.

На прашањето за реакцијата на федералниот премиер, Иби рече дека тој „ја пренел тагата и очајот што ги чувствува, како и она со што се соочуваат жителите на Тамблер Риџ“. Иби додаде дека премиерот понудил помош од федералната влада во иднина.

Прикажи повеќе...

Свет

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Објавено пред

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и испраќајќи ги своите „молитви и најдлабоко сочувство“ до семејствата и пријателите на жртвите.

dobivaj vesti na viber

„Се придружувам на сите Канаѓани во жалењето за оние чии животи беа неповратно променети денес, и во знак на благодарност за храброста и несебичноста на првите реагирачи кои ги ризикуваа своите животи за да ги заштитат своите сограѓани“, се вели во соопштението на премиерот.

„Нашата способност да се обединиме во криза го покажува најдоброто во нашата земја – нашата емпатија, единство и сочувство едни кон други.

Се обратив до премиерот на Британска Колумбија за да изразам сочувство, како и до министерот за јавна безбедност Гари Анандасангари, кој го координира федералниот одговор. Нашите службеници се во близок контакт со своите колеги за да се осигурат дека заедницата е целосно поддржана во најголема можна мера. Владата на Канада е со сите жители на Британска Колумбија додека се справуваат со оваа ужасна трагедија“, заклучи Карни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет1 час

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет1 час

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија9 часа

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија14 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија17 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија19 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија19 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија19 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија20 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет20 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија22 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија22 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија22 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет22 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет24 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет24 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет1 ден

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...