Свет
Откриен храм-тврдина во Синај
Археолозите, кои истражувале во близина на воен пат во Синај, откопале четири нови храмови меѓу 3 илјади години стари остатоци од антички град – тврдина, што служеле да ги импресионираат странските делегации кои го посетувале Египет
Меѓу откритијата се наоѓа и храм изграден од цигли од кал, на површина од околу 70 на 80 метри околу кој има ѕид изграден од цигли од кал, висок околу 30 метри, што претставува тврдина околу храмот, вели Захи Хавас, шеф на Египетскиот висок совет за антиквитети.Откритието се наоѓа во Квантра, четири километри источно од Суецкиот канал. Овие храмови се последното откритие на археолозите кои копаат на остатоци од стар град, на воен пат наречен Патот на Хорус. Хорус е бог со глава на сокол, кој ги претставувал најголемите космички сили за античките Египќани. Патот некогаш ги поврзувал Египет и Палестина и е во близина на денешниот Рафа, кој се граничи со палестинската територија Газа. Археологот, Мохамед Абдел-Максуд, шеф на ископувачкиот тим, вели дека големиот циглен храм потенцијално може да ја промени историската и воената значајност на Синај за античките Египќани Храмот содржи четири ходници, три камени пехари за прочистување и живописни натписи за Рамзес Први и Рамзес Втори. Големината на храмот можно е да служела за импресионирање на армиите и странските делегации кои го посетувале Египет, велат надлежните.Ископувањето е извршено како комплексен проект на Министерството за култура на Египет што почнува во 1986 година за да се пронајдат тврдините покрај воениот пат. Хавас вели дека поранешните студии сугерирале дека таму може да има град – тврдина, каде бил сместен највисокиот воен штаб и команда од Новото кралство (1569 – 1081 пред нашата ера), до птоломејската ера, што претставува период од околу 1.500 години.Лани, колекција на рељефи, што му припаѓале на Рамзес Втори и на Сети Први (1314-1304 п.н.е.), исто така биле ископани, заедно во остатоци од магацини, кои ги користела египетската армија за време на ерата на Новото кралство, за складирање брашно и оружје.Абдел – Максуд вели дека утврдениот град одговара на нацртите на Патот на Хорус пронајдени на ѕидовите на храмот Карнак во Луксор, каде се илустрирани 11 воени тврдини што ги штителе источните граници на Египет. До сега, само пет од нив се откриени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.