Свет
Заврши 25-годишната граѓанска војна на Шри Ланка
Армијата на Шри Ланка објави дека се убиени речиси сите припадници на водството на Ослободителните тигри на тамилски Елам (LTTE), што за политичките аналитичари од регионот значи дека најверојатно е ставен крај на речиси тридецениската војна на островот
Водачот на Тамилските тигри, Велупилаи Прабхакаран, кој повеќе од 25 години беше на чело на војната на Тамилите за независност од Шри Ланка, е убиен со ракета додека утринава се обидувал да избега од воената зона со болнички возило, официјално потврдиле претставници на армијата. Во подоцнежните судири биел убиени и опколените негови заменици и 200 тамилски борци кои го штителе раководството на LTTE. Смртта на Прабхакаран била еуфорично славена на улиците од главниот град Коломбо, јауваат новинските агенции, како и во другите поголеми градови на островот Цејлон (Шри Ланка). Истовремено се јавува за протести на Тамилите раселени по светот.Ова е првпат војската да ја контролира целата територија на Шри Ланка од 1983 г., кога тамилските бунтовници заради децениските дискриминации и погроми почнаа борба за независна држава на малцинските Тамили. До пред две години Тамилските тигри контролираа голема територија на североисток од островот. Тие формираа своја полиција, судови и војска, дејствуваа како држава во држава со која како диктатор неограничено владееше Прабхакаран. Во војската биле насилно регрутирани млади Тамили, речиси деца, а војниците биле под ригорозен режим, при што морале да се воздржуваат и од секс. Тие не смееле да контактираат со семејството и пријателите, а препознатлив знак за нив станала капсулата со цијанид која морале секогаш да ја носат околу вратот. Тамилските тигри имаа тешко вооружување, авијација со која го бомбардираа во неколку наврати аеродромот во Коломбо, морнарица со примитивни подморници и големи товарни бродови со кои криумчареле оружје. Всушност, шверцот на оружјето беше главниот извор на финансирање на Тамилските тигри, а се проценува дека годишно од оваа илегална трговија зработувале до 300 милиони долари. Водачот Прабхакаран ја основаше и единицата Црни тигри – бомбаши-самоубијци, заради што организацијата Тамилски тигри беше ставена на списокот на терористички организации, во Обединетите нации, Европската унија, Индија, Австралија. Аналитичарите сметаат дека Прабхакаран преземал многу погрешни потези кои се покажале како контрапродуктивни и заради кои никогаш не добил поширока меѓународна поддршка, дури и кога имало простор за тоа. Имено, во 2002 г. нему му била дадена најдобрата понуда – широка автономија на север и на исток од Шри Ланка. Во 2005 г. тој ги повика Тамилите да ги бојкотираат претседателските избори, со што му овозможи доаѓање на власт на националистички ориентираниот претседател на мнозинските Синхалези, Махинда Раџапакса. По пропаѓањето на мировните преговори и отпочнувањето на т.н. „четврта тамилска војна“, власта се реши да тргне во акција наречена „Конечна офанзива“ која значеше дека ќе се води војна до истребување. Од овој удар Тамилските тигри никогаш нема да се опорават, сметаат во Коломбо.
Лидерот на Тамилските тигри е мртовЦелосното уништување на Тамилските тигри е прашање на часови (историјат на војните)
Тамилските тигри се предодоа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести
Стотици американски студенти се уапсени низ американските кампуси додека полицијата ги задушува антиизраелските протести со кои се бара повлекување на Израел од Појасот Газа.
108 студенти беа уапсени на протест во Бостон во американската држава Масачусетс, а 93 беа уапсени на протест на приватниот универзитет во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, додека 28 студенти беа уапсени на Универзитетот Емори во Атланта во американската држава Џорџија. , соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен.
На Универзитетот Колумбија во Њујорк, епицентарот на демонстрациите, студентите рекоа дека нема да се разотидат додека факултетот не се согласи да ги прекине врските со израелските академски институции. Студентите од другите кампуси имаат слични барања, а во протестите учествуваат и Палестинци, Арапи, Евреи и муслимани, според Си-ен-ен.
Полицијата во Бостон во четвртокот наутро насилно ги отстрани шаторите поставени од студентите на колеџот Емерсон, при што уапси 108 од нив, објавија медиумите. На видеото може да се видат студенти како се штитат со раце и користат чадори за да и се спротивстават на полицијата.
Уште 93 студенти беа уапсени во средата навечер за време на протестите на Универзитетот во Јужна Калифорнија, соопшти полицискиот оддел во Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено под сомнение за напад со оружје, но не соопшти детали за инцидентот.
Студентите исто така протестираат од минатиот четврток во Технолошкиот институт во Масачусетс, Универзитетот во Тексас во Остин, Универзитетот во Мичиген, Универзитетот во Ново Мексико, Беркли, Јеил и Харвард, според Си-ен-ен.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.