Свет
Ќе се произведат 4,9 милијарди вакцини против свинскиот грип
Производителите на вакцината за грипот од типот A(H1N1), во најдобар случај би можеле да произведат 4,9 милијарди за една година, објави директорката на Светската здравствена организација
Маргарет Чен, директорката на Светската здравствена организација ова го изјавила по состанокот со пртставниците на 30-те водечки фармацевтски куќи во светот.Главна тема на состанокот било прашањето колку вакцини можат да се произведат за да се заштити светската популација од пандемијата. Споре Чен, ова е долната оптимистичка граница, која реално може да се намали драстично доколку се покаже дека на некои луѓе им с епотребни повеќе од една доза за добивање на имунитет.Проценките се дека новата вакцина би можела да се појави во аптеките за четири до шест месеци. Пред да биде официјално одобрена од СЗО, таа треба да го мине периодот на испитувањеврз лабораториски животнии на луже воклиничките тестирања.Вчера, националните здравствени организации ширум светот бараат доколку дојде до влошување на ситуацијата, вакцината праведно да се распределува во државите кои се најзагрозени.По овој повод, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун изјави дека во ваква ситуација е потребна, како што рекол – глобална солидарност, а особено при дистрибуцијата на вакцината доколку ситуацијата стане критична. Затоа што заради големите количества од вакцината кои ги нарачуваат богатите држави, може да нема доволно дози во случај на пандемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

