Свет
Незапаметено зголемување на невработеноста
Глобалната стапка на невработеност годинава може да се искачи до 7,4 насто, што значи дека без работа во светот ќе бидат 239 милиони луѓе
Ова го покажаа новите проценки на Меѓународната организација на труд (ИЛО), според кои, светската стапка на невработеност би можела да достигне меѓу 6,5 и 7,4 насто, што одговара на 210 до 239 милиони луѓе без работа ширум светот.Бројот на невработените во 2009 година во светот ќе се зголеми за 39 до 59 милиони, наспроти претходните прогнози на ИЛО за зголемување од 24 до 52 милиони луѓе.Ова е досега незапаметен растеж на невработеноста, изјави директорот на ИЛО Хуан Сомавиа во Женева, додавајќи дека се поголем број луѓе се во опасност да ги загубат работните места и да западнат во сиромаштија.Тој предупреди и на можноста од политички немири, доколку невработеноста продолжи да расте и нагласи дека на пазарот на труд му се потребни четири до пет години од почетокот на кризата, за стапките на невработеност да се вратат на ниво од пред криза.Според ИЛО невработеноста најмногу ќе ги погоди младите лица, а прогнозира дека до 2015 година ќе мора да се отворат 300 илјади нови работни места, за да се апсорбира зголемувањето на работоспособното население.Извештајот на ИЛО е објавен пред Меѓународната конференција за труд која идната недела се одржува во Женева, а на која се очекуваат десетина претседатели на држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.