Свет
Обама одбил да вечера со Саркози
Францускиот претседател Саркози сакал да приреди вечера за семејството Обама на Ајфеловата кула. Мишел Обама со ќерките претходно била во посета на оваа париска знаменитост
Стотици ветерани од Втората светска војна и лидерите на Франција, Велика Британија, САД и Канада, ја одбележаа 65-годишнината од „Денот Д“, односно сојузничката инвазија на Нормандија со што започна ослободувањето на Франција од фашистичка Германија.Со говорот пред околу десет илјади луѓе на американските гробишта Колевил-сур-Мер, американскиот претедател Барак Обама требаше да ја заврши мини-турнејата по Европа, која вклучуваше и посета на германскиот концентрационен логор Кукевалд крај Дрезден.Но посетата на американскиот претседател Барак Обама беше проследена со контроверзи. Лондонски Time објави дека Барак и Мишел Обама ја одбиле поканата да вечераат со францускиот претседател Николас Саркози и неговата сопруга Карла Бруни, иако вечерта ја минале во резиденцијата на американскиот амбасадор која е само на неколку метри од Елисејската палата каде Саркози ги минува викендите.Според лондонскиот весник, кој се повикува на извори од Елисејската палата, Саркози имал голема желба за приватно дружење на претседателските двојки, но истиот извор рекол дека плановите на Обама се менувале многу често. Така отпаднала и можноста за заедничка вечера во ресторанот „Жил Верн“ на Ајфеловата кула, бидејќи Мишел со ќерките ја посетила уште во петокот.Француските медиуми за ова одбивање сметаат дека се должи на тоа што на прославата не беше поканета англиската кралица Елизабета Втора, единствената од сегашните светски лидери која беше современик на Втората светска војна. Исто така, се споменува и можноста Обама да бил иритиран од тоа што во април на лондонскиот самит на Г-20, Саркози за медиумите изјавуваше дека американскиот претседател е неискусен и недоволно информиран, особено за глобалното затоплување.Некои аналитичари, пак, сметаат дека Обама се држел резервирано поради денешните избори за Европскиот парламент. Имено француската опозиција не беше поканета на одбележувањето на „Денот Д“, и го обвини Саркози дека сакал да направи „шоу Обама-Саркози“ и дека денот на предизборниoт молк сака да го искористи за промоција на неговата опција заземајќи го интересот на медиумите со целодневното дружење со Обама. На ова Саркози саркастично одговорил: „Секако, кога сојузниците на 6-ти јуни 1944 г. се истоварија, тоа било затоа што знаеле дека на 7-ми јуни 2009 г. ќе се одржуваат европски избори“.Сепак, известувачите велат дека била нагласена тенденцијата на Саркози да го „окупира“ Обама само со своето друштво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

