Свет
Извлечени 15 тела од настраданите од францускиот Ербас

Спасувачките екипи денеска ја продолжуваат потрагата по телата на настраданите патници од францускиот Ербас, кој пред една недела се урна во Атланскиот океан.
Како што пренесува Макфакс, вчера биле извлечени дури 15 тела, но бразилските власти не откриваат детали за лицата што биле последни извлечени од вода.Човечки тела се пронајдени на околу 800 километри југоисточно од бразилскиот остров Фернандо де Норонха, а се претпоставува дека во близина на тоа место авионот и се урнал.Хенри Муњоз од бразилските воздушни сили изјави дека меѓу деветмината луѓе што ги пронашле нивните спасувачи имало четири жени и четири мажи, додека на деветата жртва не успеале да и го одредат полот.Според истите извори, во морето биле пронајдени две седишта од авионот, остатоци од леталото со ознака Ер Франс, како и уште други делови.Истрагата покажа пронаоѓање на делови од крилото на авионот, како и стотина разни лични документи на патниците
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шји Џинпинг: Кина стои непоколебливо на вистинската страна на историјата

Кинескиот претседател Шји Џинпинг во говорот на собирот по повод годишнината од Втората светска војна рече дека денес човештвото повторно е предизвикано помеѓу мир и војна, дијалог и конфронтација.
„Кинескиот народ стои непоколебливо на вистинската страна на историјата, на страната на цивилизацијата и напредокот на човештвото, решително чекори по патот на мирен развој и работи заедно со остатокот од светот за да изгради заедница со заедничка иднина за целото човештво“, рече тој, според Кинеската медиумска група (CMG).
„Историјата нè предупредува дека судбината на човештвото е испреплетена и дека сите држави и сите нации ќе можат да ја зачуваат заедничката безбедност, да ги искоренат коренските причини за војната, како и да избегнат повторување на трагедијата, само ако се однесуваат едни кон други подеднакво, мирно коегзистираат и си помагаат едни на други“, додаде тој.
Историските факти, изјави тој, носат товар од минатото, но исто така даваат инспирација за иднината.
„На патот кон новата ера, членовите на сите етнички групи во земјата треба, под решително водство на Комунистичката партија на Кина, инсистирајќи на марксизмот и ленинизмот, мислите на Мао Це Тунг, теоријата на Денг Сјаопинг, и погледот на научниот развој, сеопфатно да ја реализираат мислата за социјализмот со кинески карактеристики во новата ера, непоколебливо да го следат патот на социјализмот со кинески карактеристики, да го наследат и пренесат големиот дух на војната на отпорот, да работат упорно и храбро напред, како и да се борат заедно за изградба на моќна држава во секој аспект, преку модернизација во кинески стил, но и за целта на големото подмладување на кинеската нација“, рече кинескиот лидер.
Тој додаде дека процесот на големо подмладување на кинеската нација е незапирлив и дека благородната работа за мир и развој на човештвото сигурно ќе победи.
Свет
Лавров: Русија бара меѓународно признавање на анектираните украински територии

За да се обезбеди траен мир, Русија бара украинските области анектирани од Москва да бидат меѓународно признати како дел од нејзината територија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денес.
Рускиот претседател Владимир Путин побара од Киев да ѝ предаде четири украински региони на Русија, чија анексија беше објавена во септември 2022 година, покрај Крим анектиран во 2014 година, и Украина да се откаже од своите планови за влез во НАТО. Ова се неприфатливи услови за украинските лидери и нивните западни сојузници.
Украина бара руската армија целосно да се повлече од својата територија. Русија окупира речиси 20 проценти од Украина.
„За мирот да биде траен, новите територијални реалности што се појавија треба да бидат признати и формализирани во согласност со меѓународното право“, рече Лавров во интервју објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.
Неговиот украински колега Андриј Сибига бргу реагира на овие изјави:
„Нова серија, стари ултиматуми. Русија не ги промени своите брутални цели и не покажува расположение за значајни преговори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Тој додаде дека ова докажува оти „апетитот на агресорот се зголемува само кога не е подложен на притисок и сила“.
„Време е да се справат со руската воена машинерија и да се воведат строги нови санкции“, додаде тој.
Регион
Зошто само Вучиќ и Фицо дојдоа од Европа на историската парада на Шји во Кина?

Речиси сите европски лидери одлучија да ја бојкотираат кинеската воена парада по повод Денот на победата во Пекинг, со исклучок само на двајца лидери, чие присуство предизвика многубројни контроверзии, пишува Би-би-си.
Тоа се словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ, кои со тоа повторно се најдоа во центарот на вниманието. И двајцата присуствуваа на руската парада за Денот на победата во Москва во мај и исто како и тогаш, и сега во Пекинг се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.
Иако двајцата пристигнаа во Пекинг, нивните мотиви се разликуваат. Србија, иако е кандидат за членство во ЕУ, има блиски економски односи со Кина и се обидува да одржи неутрален став кон Русија и покрај осудите на војната во Украина.
Од друга страна, позицијата на Роберт Фицо е многу посложена. Неговата Словачка е членка и на ЕУ и на НАТО, но Фицо отворено повикува на нормализација на односите со Русија.
Додека Брисел планира да го прекине увозот на руска нафта и гас до крајот на 2027 година, словачкиот премиер сака да го зголеми снабдувањето на својата земја со руски енергетски производи и покрај напорите на Украина да го прекине гасоводот.
Остра порака од Брисел
Додека Путин го фали Фицо за неговата „независна надворешна политика“, европските сојузници го гледаат тоа сосема поинаку.
На прашањето дали словачкиот премиер ја претставува Европската Унија во Пекинг, портпаролката на Европската комисија даде краток и јасен одговор – „не“. Таа нагласи дека Кина е клучен поддржувач на Русија во војната против Украина.
Политичките противници на Фицо во Словачка го обвинуваат дека служи на руската пропаганда и дека ги предал интересите на сопствената земја. Самиот Фицо го оправдува своето доаѓање со тоа што наведува дека е во Пекинг „додека се формира новиот светски поредок“.
По разговорот со Путин, тој рече дека дошол до неколку заклучоци и дека има сериозна порака за украинскиот претседател Зеленски, со кого треба да се сретне в петок.
Фото: ЕПА