Свет
Фотографии од „венчавка“ на Берлускони на Сардинија

Италијанските медиуми ја пренесуваат најавата во Times дека италијанскиот фоторепортер Антонело Запада поседува уште необјавени скандалозни фотографи од забавата на Силвио Берлускони во неговата Вила Чертоза на Сардинија
Претходно Антонело Запада, откако му беа забранети за објавување фотографиите во Италија, инкриминирачките фотографии ги објави во мадридскиoт весник El Pais. Запада во најавата изјавил дека на една од неговите се’ уште необјавени фотографии се гледа италијанскиот премиер Силвио Берлускони како учествува во „лажна венчака“ со млада девојка а другите тоа го гледале.„Фотографии има уште. Уште ништо не е завршено меѓу мене и господинот Берлускони“, изјавил Запада за Times. Тој додал дека почнал да го фотографира Берлускони во 2007 г. во Вила Чертоза, надевајќи се дека ќе успее да направи негова фотографија заедно со сопругата Вероника Ларио. Притоа со текот на времето забележал дека во имотот на Берлускони за одмор се случува нешто за што дотогаш само се нагаѓало. Според Запада, речиси сите гости на Берлускони на Сардинија биле млади и допадливи девојки. Портпаролот на Берлускони, Марко Вентура, за италијанските медиуми изјавил дека доколку постојат други фотографии од ткн. венчавка на италијанскиот премиер, тие сигурно се монтирани и уште еднаш го обвини Запада за нарушување на приватноста на јавна личност. По најава за тужба, уште фотографии од Берлускони Објавени инкриминирачките фотографии од журката на БерлускониПовеќе слики тука Нова истрага против Берлускони Берлускони спречил објавување негови фотографии со 18-годишничка
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.