Свет
Инцидент меѓу американски разурнувач и кинеска подморница

Кинеското Министерство за надворешни работи го потврдило инцидентот што минатата седмица се случил меѓу нивна подморница и американски разурнувач
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни раоти, Кин Ганг, изјавил дека подморницата на 11 јуни удрила во сонда на сонар кој зад себе ја влечел американскиот разурнувач USS John seniot McCain. Ганг не дал никакви други информации за инцидентот, односно за штетите, опасноста од судирот, ниту за локацијата каде се случило тоа.Исто така, ниту американската страна не објавила никакви подробности за инцидентот, освен дека сондата на сонарот е оштетена. Според извештаите на двете страни, во инцидентот немало повредени и поголеми штети.Но CCN, информираше дека од свои извори дознава дека инцидентот се случил во четвртокто блиску до Сабик Беј, во близина на Филипините. „Разурнувачот USS John S. McCain има проблеми со сондата на неговиот сонар. Таа е оштетена“, потврдиле извори од Пентагон во телефонски разговор за Reuters. Од американската воена морнарица сметаат дека инцидентот не е предизвикан со намера, но потврдуваат дека Пекинг со големо внимание ги следи движењата на американските воени бродови во тој регион.Пред неколку месеци, друг невооружен американски воен брод во Киснеското Море беше прсретнат од неколку помали кинески бродови кои со своите провокативни маневри блиску до бродот ја загрозија безбедноста на екипажот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.
Детали од разговорот објави Волстрит журнал, повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.
Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот, по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува Ројтерс.
Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за покренување на нападот и дека ја искористил можноста.
Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдачен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.
Свет
Ученик пукаше во средно училиште во Колорадо – двајца тинејџери повредени, напаѓачот почина

Ученик отвори оган во средно училиштево предградие на Денвер, Колорадо, при што бea повредени двајца тинејџери, а потоа напаѓачот го насочил оружјето кон себе. Подоцна властите потврдија дека починал.
Истрелите биле испукани и во внатрешноста и надвор од училиштето. Полицијата пристигнала на местото во рок од пет минути и го пронашла напаѓачот, соопшти портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели. Таа истакна дека ниту еден полицаец не отворил оган.
Повеќе од 100 припадници на безбедносните сили од околината биле испратени да помогнат.
Повредените ученици биле пренесени во болница и првично биле во критична состојба. До вечерта, еден од нив бил стабилизиран.
Средното училиште „Евергрин“ брои повеќе од 900 ученици.
Округот Џеферсон е местото каде во 1999 година во пукањето во училиштето „Колумбајн“ беа убиени 14 лица.
Свет
Белорусија ја предупредила Полска за беспилотни летала во нејзин правец

Началникот на Генералштабот на полските вооружени сили, генерал Вислав Кукула, потврди дека Полска добила информации од Белорусија за беспилотни летала кои се движеле во нејзин правец, пренесува ТВN24.
Кукула ја потврди изјавата на Белорусија дека испратила предупредување до Полска во врска со леталата.
„Белорусите нè известија дека беспилотни летала го прелетуваат нивниот воздушен простор кон Полска“, изјави тој.
На прашањето за моментот на предупредувањето, рече дека тоа му било корисно, додавајќи дека е изненаден што Белорусија, и покрај напнатите односи на копнената граница, се одлучила за соработка од ваков вид.
Во меѓувреме, Полската армија соопшти дека соборила беспилотни летала кои го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина.
„Распоредено е оружје, а службите работат на лоцирање на соборените објекти. Се работи за сериозно нарушување на воздушниот простор“, соопшти Полската оперативна команда.
Премиерот Доналд Туск изјави дека најмалку 19 беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор. Досега се пронајдени остатоци од 15 беспилотни летала и ракети со неидентификувано потекло.