Свет
Мусави повика на стивнување на прекин на протестите во чест на жртвите
Незадоволниот претседателски кандидат им порача на своите следбеници да ги стопираат привремено протестите и да се соберат во џамиите во спомен на жртвите од на протестите против исходот на изборите
Откако победи на петочните претседателки избори во Иран, тврдолинијашот Махмуд Ахамдинеџад беше обвинет од реформистичкиот противкандидат Мирхоесин Мусави за фалсификат, протестите се распрснаа низ повеќе ирански градови. Особено откако во понеделникот на протестите животите ги загубија седуммина поддржувачи на Мусави. „Многу од нашите сонародници се повредени или убиени“, соопшти Мусави на својата интернет страница која е обновена денеска.„Го повикувам народот да биде сочувствителен и да изрази солидарност со семејствата на жртвите, да ги посети џамиите или да земе учество во мирите демонстрации“, апелирајќи Иранците масовно да се посветат ан денот на тагата планиран за в четврток. Fаrs News Agency го цитирала министерот за внатрешни работи, Садек Махсули дека „нема дозвола за масовни собирање на централниот плоштад Тир“.Државната телевизија, пак, соопштила дека „главните агенти“ кои сакале да предизвикаат бунт биле уапсени и дека кај нив било пронајдено оружје и експлозиви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

