Свет
„Ербасот“ на Air France бил цел и силно удрил во морето
Се претпосставува дека патниците биле живи додека авионот со голема брзина се уривал кон површината на морето. Првите резултати на истрагата покажале дека авионот бил цел кога удрил со „стомакот“ во Атлантикот
Најверојатно во авионот владеела паника кај 228 патници и челнови на екипажот на „ербасот А330-200“, на француската авиономпанија Air France, кој се урна ноќта меѓу 31 мај и 1 јуни на летот од Рио де Жанеиро до Париз.Падот се случил во Атлантикот, далеку од копното и од секоја радарска контрола, кога авионот влетал во бура. Патниците, најверојатно, како што рекле извори од истрагата, биле живи се до моментот на судирот. Се претпоставува дека капетанот, чие тело беше најдено, до последен момент се обидувал да воспостави контрола на авионот. Во француската истрага веќе била отфрлена теоријата дека авионот се распаднал во воздух и сега се смета дека тој бил цел кога со огромна брзина удрил во морската површина.Еден од заклучоците на истрагата е дека авионот паѓал со голема брзина од висина од 10.700 метри, и тоа во хоризонтална положба, па така ударот бил со долниот дел. Елеците за спасување не биле отворени, што асоцира на голема силина на сударот, рекле од истрагата. Според истиот ивор неисправните сензори за брзината, би можеле да бидат еден од факторите, но не и причината за катастрофата. Исто така се смета дека најобичната бура не би можела да биде главната причина за уривањето на авионот.Црните кутии кои можеа да го дадат одговорот за причината за падот на „ербас“-от, пред два дена престанаа да емитуваат сигнал, а тие ќе бидат барани до 10 јули, по што се смета дека нема да биде можно да бидат пронајдени.Авионот бил последен пат забележан на радарите половина час откако полседен пат зборувал со бразилската контрола на летање, а по десет минути требало да се наоѓа во сенегалскиот воздушен простор. Во тој кус период кога се наоѓал и вон од сите радарски контроли, авионот исчезнал и забележани се само пораките кои авионот ги испраќал автоматски. Контролите во Мадрид и во Брест го пријавиле исчезнувањето дури со шест часа задоцнување, откако откриле шест часа празнина на најавениот лет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.