Свет
Обама во понеделник во Москва
Американскиот претседател ќе допатува во негова прва посета на Москва, при што ќе се сретне со претседателот и со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и Владимир Путин
Од посетата на американскиот претседател Барак Обама се очекува најавеното „ресетирање на односите“ да добие конкретни резултати.Помошникот на рускиот претседател Сергеј Прихотко потврдил дека Обама доаѓа во дводневна работна посета на Русија, а договорот за таквиот карактер на посетата го постигнале двајцата претседатели со намера да се осврнат на суштински прашања, а да го запостават протоколот.Вниманието на двајцата претседатели ќе бидат билатералните односи меѓу двете велесили, новиот договор за стратешкото нуклеарно вооружување и зачленувањето на Русија во Светската трговска организација. Како што е најавено, ќе се зборува и за антиракетниот штит кој САД планираат да го постават на територијата на Чешка и Полска, како и ситуацијата во Авганистан, Северна Кореја, Иран и на Блискиот Исток.Според медиумите, двајцата претседатели очекуваат дека оваа средба ќе биде можност за дијалог на рамноправна основа и изразување подготвеност за изградба на поефикасни, подоверливи и помодерни односи.Лидерите на САД и Русија ќе се осврнат и на ситуацијата во Грузија по минатогодишните воени дејствија на руските сили, кои Вашингтон ги осуди и кои многу придонесоа за влошување на односите на Москва со НАТО и САД.Американските медиуми објавија дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон, иако било планирано, нема да допатува во Москва во придружба на Обама, поради здравствени причини.По завршувањето на состанокот меѓу двајцата претседатели ќе следи и потпишување на повеќе документи – рамковен документ за намалување на стратешкото нуклеарно оружување, заедничка изјава за соработка во нуклеарната сфера, договор за воен транзит во Авганистан, рамковен документ за развој на соработката на оружените сили на САД и Русија, меморандум за соработка во областа на здравството, медицината и науката.На вториот ден од престојот, Обама ќе се сретне со рускиот премиер Владимир Путин и тоа ќе биде нивна прва средба, која се смета за многу значајна. Американскиот претседател неколку дена пред неговото заминување за Москва го окарактеризира Путин како некој кој се уште, барем делумно, „води студеновоена политика“ и не може да го остави минатото зад себе, за разлика од неговиот наследник на местото шеф на државата.Медведев и Обама, исто така, ќе учествуваат и на американско-рускиот деловен самит, на кој ќе се соберат најистакнати претставници од светот на бизнисот во двете држави.За посетата на Обама, кој во Москва ќе допатува заедно со своето семејство, се предвидени незапаметени мерки за безбедност, како и интересирање на медиумите. За заедничката прес-конференција на Медведев и Обама се акредитирани 855 новинари.Американскиот претседател ја завршува посетата на Москва в среда, кога ќе замине за Италија на состанокот на Г-8, на кој ќе учествува и Медведев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавено е кога Камала Харис ќе го признае поразот и што друго ќе содржи нејзиното обраќање
Американскaта потпретседателка, Камала Харис, вечерва треба да одржи говор во Вашингтон по поразот на претседателските избори од Доналд Трамп.
Харис треба да се појави во Вашингтон во 22 часот по средноевропско време, каде што нејзините поддржувачи се собраа синоќа за да ја прослават победата што не се случи. Харис сакаше да стане првата жена претседател на САД, но со поразот во клучните држави Северна Каролина, Џорџија, Пенсилванија и Висконсин, таа обезбеди враќање на Трамп во Белата куќа.
Според Си-Ен-Ен, Харис ќе побара од нејзините поддржувачи ширум земјата да ги прифатат резултатите од претседателските избори за време на обраќањето, велат нејзините помошници.Ќе ја поканат целата земја да работи заедно на изнаоѓање заеднички допирни точки и цели.
Харис се обидела да стапи во контакт со новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјавија нејзините соработници за Си-Ен-Ен, но сè уште не било успешно. Нејзината намера, велат нејзините помошници, е да разговара со него пред нејзиниот говор.
Потпретседателката работи на нејзиниот говор со нејзиниот главен говорник Адам Франкел и други советници. Тие очекуваат таа да им се заблагодари на своите поддржувачи и да понуди порака наменета за помладите гласачи до кои често допирала за време на кампањата.
Свет
Џеф Безос: Големи честитки до Трамп, извонреден политички камбек
Џеф Безос, мултимилијардер и основач на Амазон и сопственик на Вашингтон пост, испрати големи честитки до Доналд Трамп за неговиот, како што рече, извонреден политички камбек и одлучувачка победа.
„Ниту една нација нема поголема можност“, напиша Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, во објавата на „Икс“, додавајќи дека му посакува на Трамп „многу успех во водењето и обединувањето на Америка што сите ја сакаме“.
Безос се соочи со жестоки критики во последните неколку недели откако неговиот весник, познатиот Вашингтон пост, го спречи својот уреднички тим да објави поддршка за Камала Харис. Одлуката да не се поддржи Харис го потресе весникот и доведе до немири во редакцијата, уреднички оставки и загуба на стотици илјади претплатници.
Свет
Кина му честита на Трамп
Кинеското Министерство за надворешни работи му ја честита победата на Доналд Трамп.
„Го почитуваме изборот на американскиот народ и му честитаме на г-дин Трамп за изборната победа“, се наведува во соопштението.
Кинескиот лидер Кси Џинпинг се уште не се огласи јавно за резултатите од изборите.