Свет
Анан: Да се знае кој е виновен за насилствата во Кенија
Имињата на осомничените за насилствата по изборите во Кенија во 2007г. се предадени на Интернационалниот криминалистички суд, објавува Би Би Си
Медијаторот Кофи Анан изјавил дека листата со имињата, спакувана во плик, лично ќе ја предаде на јавниот обвинител во Хаг.Најмалку 1.500 луѓе биле убиени и 300.000 раселени во двомесечното насилство после гласањето во декември 2007г.Анан ќе ги достави имињата следејќи ги напорите на Кенија да се утврди специјален суд за насилството.Пред една недела, кениските министри ветиле дека ќе го основаат судот до јули 2010г. и дека во меѓувреме ќе го снабдат Интернационалниот криминалистички суд со детали од нивните истраги. Нивниот чекор следи еден месец откако Анан го одреди август како краен рок што и се дава на Кенија. Насилствата избувнале откако поддржувачите на тогаш-опозицискиот лидер Раила Одинга, изјавиле дека мамел за победата.Изборната криза запалила долготраен етнички ривалитет кој преку забранет влез во земјата и забрането користење на економските ресурси, кулминирал со насилно иселување од домовите на 300.000 жители.По двомесечното насилство, Анан го прекина договорот со Одинга, да се приклучи кон владеачка функција како премиер.Во изјавите во Женева, Кофи Анан рекол дека ги поздравува кениските напори за основање специјален суд, но додал дека „секој судски механизам прифатен да ги донесе виновниците да се сретнат со правдата, мора да се усогласи со интернационалните законски стандарди и дека треба да се дебатира со сите сектори на кениското општество за процесот да добие кредибилитет“. „Правда која доцни, е правда која се одрекува“, вели Кофи Анан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.