Свет
Евакуирани 17 илјади луѓе поради пожар во Канада

Околу 17.000 луѓе се евакуирани од градот Келоуни, Британска Колумбија, поради пожарот што зафати 300 хектари шума во Канада, јавува Ројтерс
Службите за спасување и пожарникарски екипи се обидуваат да го стават пожарот под контрола, но поради сувото и ветровито време бавно напредуваат во работата. Граѓаните кои живеат во областа околу езерото Оканаган, западно од градот Келоуни, се предупредени дека треба да ги напуштат своите домови.„Ветрот додава гас на пожарот“, вели портпаролот на шумската служба на Британска Колумбија. Се уште нема пријава за евентуални жртви. Пожарникарите се обидуваат да го спасат комплексот Горман Брадрс, кому му се заканува опасност од зафаќање од пожарот. Првичниот пожар што зафатил една долина се проширил преку кањонот, што им ја отежнало работата на пожарникарите поради непристапниот терен. Последниот пожар што се приближува кон градот Калоуни, се уште не зафатил населено место, но чадот предивикан од пожарот ја отежнува работата на пожарникарите и создава проблеми со дишењето кај луѓето. Келоуни се наоѓа на околу 400 километри источно од Ванкувер и е срцето на винска Канада познато и како место за рекреативен спорт. Причината за пожарот се уште не е позната, но полицијата води истрага. Властите во областа се добро подготвени за пожари, особено по тој во 2003 година кога повеќе од 200 домови беа уништени во Келоуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.
Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.