Свет
Нетанјаху: Пет услови за израелско-палестински мир

Израелско-палестински мир е можен доколку се исполнат пет услови, меѓу кои се и признавањето на Израел и престанокот на сите побарувања од Израел, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Тој порача и дека Ѕидот на Западниот брег нема да се урива.Останатите услови според него се: ниту еден палестински бегалец да не се врати на израелска територија, идната палестинска држава да биде демилитаризирана, а за тоа разоружување да има меѓународна потврдаНетанјаху рече дека израелскиот Ѕид на Западниот брег останува, иако во последно време нема палестински напади од окупираните подрачја„Слушам денес како велат дека е можно да се тргне оградата бидејќи е мирно. Пријатели мои, токму спротивно, мирно е бидејќи оградата постои.”На крајот на расправата 51 пратеник во Кнесетот го прифати тврдењето на премиерот, а 39 не.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту еден Палестинец нема да биде протеран од опколениот Појас Газа, иако тој продолжува со својот план за преземање и обнова на палестинската енклава.
„Никој не ги протерува Палестинците“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање додека беше домаќин на ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба.
Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако израелскиот екстремно десничарски министер за финансии Безалел Смотрич во неделата изјави дека Тел Авив ќе отвори нова канцеларија за „администрација за емиграција“ во Министерството за одбрана за да управува со принудното раселување на Палестинците од Газа, според повеќе медиумски извештаи.
Свет
Пленковиќ: Американските царини не би требало да имаат значително влијание врз Хрватска

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави денеска дека американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија не треба значително да влијаат на Хрватска и дека во овој момент овој потег „не е толку загрижувачки“ за трговските односи меѓу Хрватска и САД.
Тој додаде дека „подетално треба да се анализира поврзаноста на бројни хрватски компании со поголеми европски компании, кои многу повеќе извезуваат во Европската унија и врз чии економии ќе имаат поголемо влијание овие мерки.
„Во овој момент, овој потег не е толку загрижувачки за трговските односи меѓу Хрватска и САД, но секако, треба да бидеме внимателни со сите сектори, Хрватската стопанска комора, стопанството, да внимаваме што се случува и евентуално да ја прилагодиме ориентацијата на овие компании на други извозни пазари или на домашните пазари“, рече Пленковиќ.
Свет
Шолц повика на континуирана поддршка за Украина

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска повика на континуирана, постојана поддршка за Украина.
„Сè додека не се заклучи мирот, Европа и САД мора да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Берлин, според Тагесшау.
Според него, прекинот на огнот дава можност да се истражат начини за постигнување на подолгорочен мир, кој, како што рече, би можел да вклучи дополнителни чекори како размена на затвореници или враќање на киднапираните Украинци.