Свет
Берслускони обвинет за криење 30 феникиски гробници во подрумот

Италијанскиот премиер покрај аферите со забавите со млади девојки на кои им плаќал, сега се наоѓа во центарот на афера со архоелошки наоди и предмети
Адвокатот на Силвио Берлускони, изјавил дека италијанскиот премиер не ги криел археолошките наоди во неговата вила на Сардинија, Вила Чертоза, и дека телефонските снимки на кои тој наводно со тоа им се фали на проститутки, не се автентични.Оваа нова афера со археолошките предмети избувна откако веќе познатата Патриција Дадарио презнетира снимки кои го отркиваат нивнито сексуален однос А во петокот неделникoт L’Espresso објави транскрипти од разговори во кои Берлускони наводно се фали меѓу другото и со гробници во дворот на вилата на Сардинија. Според италијанските закони, археолошките отркитија откриени на приватен имот мора да бидат пријавени на државата која прави инспекција, каталогизирање и натамошни проучувања и ископувања.Италијанската опозиција веднаш ја повика владата во парламентот да ја објасни оваа ситуација. „Премиерот Берлускони никогаш не би зборувал за отркитие на 30 феникиски гробници во својот двор, бидејќи во вилата никогаш нешто слично не е пронајдено“, изјавил адвокатот на Берлускони, и застапник на неговата партија, Николо Гедини. Спроед него, правосудните власти веќе го прегледале темелно целото подрачје, и вилата со сите нејзини простории и паркот поколу неа, а тоа може да го сторат секогаш кога ќе посакаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција го усвои контроверзниот закон – отворен патот за 13-часовно работно време

Грчкиот парламент денес го усвои новиот закон за труд, кој предизвика бурни реакции и протести низ целата земја. Со 158 гласа „за“ и 109 „против“, владиниот предлог беше изгласан, додека левичарската опозициска партија СИРИЗА одби да учествува во гласањето.
Законот, кој според владата има цел да го направи пазарот на труд поприлагодлив и поефикасен, овозможува на работодавачите во приватниот сектор да бараат од своите вработени да работат до 13 часа дневно, наместо досегашните осум. Продолженото работно време може да се применува најмногу 37 дена годишно, а работниците се заштитени од отказ доколку одбијат да работат прекувремено.
Владата тврди дека со новите правила се зголемува флексибилноста и заштитата на работниците, особено оние со семејства, и дека законот дозволува четиридневна работна недела доколку има претходен договор меѓу работодавачот и вработениот.
Меѓутоа, синдикатите и опозицијата остро реагираа, предупредувајќи дека реформата ја укинува суштината на осумчасовниот работен ден и ја легализира прекумерната експлоатација. Синдикатот на државните службеници „ADEDY“ порача дека „флексибилното работно време во пракса значи уништување на семејниот и општествениот живот и укинување на работничките права“.
Синдикатите потсетуваат и дека просечните плати во Грција се значително пониски од европскиот просек, а нерегистрираниот труд и натаму е голем проблем. Опозициските партии оценија дека законот е застарен и спротивен на европските тенденции за скратување на работното време и воведување пократка, но поквалитетна работна недела.
Новите одредби предвидуваат и поголема флексибилност при вработувања на определено време, со цел, како што наведува Министерството за труд, да се стимулира продуктивноста и модернизацијата на пазарот на труд.
И покрај уверувањата на владата дека законот ќе ги заштити работниците и ќе овозможи подобра рамнотежа меѓу работа и приватен живот, јавноста останува поделена.
Свет
Индонезија, Азербејџан и Пакистан – три земји во преговори за мировна мисија во Газа

Американски официјален претставник изјави дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан разговараат со САД за можноста да испратат војници во идната меѓународна мисија за стабилизација на Пojaсот Газа, објави американски функционер од одбраната, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, јавува „Политико“.
Ова е дел од планот во 20 точки за мир предложен од Доналд Трамп, кој предвидува привремени сили за обука и поддршка на палестинската полиција и соработка со Египет и Јордан.
САД нагласуваат дека американски војници нема да влегуваат во Газа, туку ќе дејствуваат од координативен центар северно од Израел. Египет, Катар и ОАЕ ќе имаат свои официри таму. Досега нема официјални потврди од трите земји.
Целта на мисијата е привремено да се обезбеди обука на палестинските безбедносни структури и да се овозможи разоружување на Хамас. Аналитичари и дипломати ја доведуваат во прашање изводливоста на планот, а формирањето на силите може да трае неколку месеци од моментот на одлуката.
Свет
„Борбата не е завршена“ – Нетанјаху решен да ги врати сите тела на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е решен да ги врати сите тела на заложниците што сè уште се во рацете на Хамас.
Тој ја повтори својата порака за време на одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас велејќи:
„Борбата уште не е завршена, но едно е јасно – секој што ќе крене рака против нас, ќе плати висока цена“.
Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за примирје, според кој сите заложници – живи и мртви – требало да бидат предадени до понеделник. Хамас предаде 20 живи заложници и девет тела, но тврди дека за другите му е потребна специјална опрема за пребарување под урнатините.
Министерот за одбрана Израел Кац порача дека ако Хамас не го почитува договорот, Израел во координација со САД ќе ја продолжи офанзивата до целосен пораз на организацијата.