Свет
Нови воени правила на талибаните
Новите правила што ги воведуваат талибанските лидери бараат ограничување на самоубиствените напади и избегнување големи цивилни жртви, јави CNN
Сепак и авганистанските и американските воени претставници чии војници водат жестока офанзива против талибаните во провинцијата Хелманд, сметаат дека станува збор за лицемери и овој леток што бил раширен во Авганистан го сметаат за пропаганда.Станува збор за брошура која репортерите на телевизијата ја нашле во северозападниот дел од Пакистан. „Самоубиствените напди треба да бидат на високо ниво и врз важни цели, бидејќи храбар син на исламот не смее да биде употребен за ниски вредности и бесцелности“, пишувало во распространетиот наводен правилник за војување на талибаните. Во продолжение пишувало дека во таквите напади убивањето и ранувањето на невини луѓе и уништувањето на нивниот имот треба да биде сведено на минимум, поточно дека треба да се избегнуваат. Исто така, се дава поука и да не се нагрдуваат луѓето, односно талибанските борци да се воздржат од сечење уши, носеви и усни, односно унакажување на жртвите.„Муџахедините мораат да се однесуваат добро и луѓето да ги третираат примерно, за да се приближат на срцата на обичните муслимани“, цитира дел од правилникот CNN.Кристина Сајденстрајкер, американската воена портпаролка во Кабул, забележливо е дека овој документ е наменет како прописи за тоа како терористите да се однесуваат. Притоа, таа потсетува дека цивилите сочинуваат повеќе од 60 отсто од жртвите на талибаните и дека оваа година убиле околу 450 невини Авганистанци и раниле повеќе од илјада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Што ќе направи Галскиот петел? Ќе го киднапира Трамп? Нуклеарен напад врз САД?
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, ја коментираше вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Галскиот петел закукурика дека ако суверенитетот на Данска биде допрен, последиците ќе бидат без преседан. Што ќе прават?! Ќе го киднапираат американскиот претседател? Нуклеарен напад врз САД? Секако дека не. Тие само ќе се исплашат и ќе се откажат од Гренланд. А тоа би бил одличен европски преседан“, напиша Медведев на Икс.
The Gallic cock has crowed that, if the sovereignty of Denmark is affected, the consequences would be unprecedented. Ooh, what they will do?! Kidnap POTUS? Nuke the US? Course not. They’ll just shit their pants and give up Greenland. And that’d would be a great European precedent
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 14, 2026
Макрон вчера се осврна на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, како што објави портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и сојузник биде загрозен, последиците ќе бидат невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.
Регион
(Видео) Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен
Поради сериозна сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е затворен за сообраќај во двата правци во делот помеѓу Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ.
Според неофицијални информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила, експлодирала цистерна, објавува N1 Словенија.
Се наведува дека детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Се очекуваат официјални изјави од полицијата и пожарникарите.
Словенечкиот информативен центар за сообраќај им советува на возачите на патнички возила да се пренасочат кон регионалните патишта.
Свет
Си-Ен-Ен: Иран се подготвува за одмазда
Иран има подготвено потенцијални одговори во случај САД да ја нападнат земјата, а одмаздата би била насочена кон воени објекти на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и оние во Ирак и Сирија, објави Си-Ен-Ен. Американските претставници укажуваат на зголемени ризици за американските сили во регионот поради страв од напад.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано предупредуваше на воена акција и сега, според претставниците, е под притисок да дејствува.
„Тој повлече црвена линија и чувствува дека треба да направи нешто“, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со внатрешните дискусии.
Во меѓувреме, дебатата за следните чекори продолжува во рамките на американската администрација. Потпретседателот Џ.Д. Венс претседаваше со состанок на високи претставници за да се разговара за моменталната ситуација, при што тимот за национална безбедност на Трамп е поделен околу тоа дали да се започне воен напад.
Претставниците изјавија дека секоја акција би го избегнала распоредувањето на копнени сили и нема да претставува почеток на продолжена воена кампања. Една опција што се разгледува вклучува таргетирање на објекти поврзани со иранските безбедносни служби.
фото/Depositphotos

