Свет
Кина почнува кампања против Ујгурите во егзил
Во неделата, државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека полицијата во Ксинџианг уапси уште 319 лица, обвинувајќи ги дека учествувале во етничките судири во Урумикви, меѓу муслиманското ујгурско малцинство и доминантната заедница Хан која има кинеско потекло
Кина во понеделникот ја почна кампањата против затворените ујгурски активисти со објавување писмо во кое активистката Ребија Кадир од кое произлегува дека врз неа и другите нејзини истомисленици се виновни за крвавите немири во провинцијата Ксинџианг. Но, нејзин пријател од Германија, вели дека писмото не е веродостојно.. Инаку, по избувнувањето на бунтот на Ујгурите од 5-ти јули, досега се притворени околу 1.600, откако локалната полиција спречи протест на кој се зборуваше на туркофонското ујгурско малцинство. Ујгурите тоаш кршеа излози на продавниците, запалија возила и ги нападнаа Ханите. Два дена подоцна, овие, пак, тргнаа во одмазда во квартовите каде живеат Ујгури. Во ова најголемо меѓуетничко насилство во Кина, последнава деценија, беа убиени 197 лица, а повеќе од 1.700 беа ранети, при што поголем дел од жртвите беа кинеските Хани. Веднаш потоа, познатата бизнисменка Ребија Кадир којашто има одлежено шест години во кинеските затвори под обвинение дека ја загрозува безбедноста на кинеската држава, пред да биде прогонета во САД во 2005 г. Државната новинска агенција на Кина, Сингхуа објавила две писма. Едното е до Кадир испратено писмо потпишано од 12 лица во Кина, вклучувајќи го нејзиниот помлад брат и двајца од нејзините синови. Во кои наводно има извинувања и обвинувања за неодамнешните безредија.Дилџат Раџит, портпаролот на Светскиот ујгурски конгрес кој се стреми за независност на кинеските Ујгури, изјавил дека писмата не се автентични. Кинеските власти повеќепати обвинија надворешни поттикнувачи на бунтот на Ујгурите и на трите, како што ги нарекува – зли сили: екстремизмот, тероризмот и сепаратизмот, но досега не изложил аргументи за ова тврдење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
Свет
Фон дер Лајен најави нови санкции против Иран
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди „прекумерната употреба на сила и континуираните ограничувања на слободата“ во Иран. Таа рече дека информациите за зголемениот број на жртви се застрашувачки.
„Европската унија веќе целосно го вклучи Корпусот на Исламската револуционерна гарда во својот режим на санкции за човекови права. Во тесна соработка со високата претставничка и потпретседателка Каја Калас, брзо ќе бидат предложени дополнителни санкции против оние што се одговорни за репресијата. Ние стоиме зад иранскиот народ кој храбро маршира за својата слобода“, рече таа.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
фото/Depositphotos
Регион
Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки
Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.
Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.
Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.
Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.
Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.
Фото: pexels

