Свет
Одбележување на 14 години од акцијата „Бура“ – секој со својата вистина

Хрватска денеска одбележува 14 години од воената операција „Олуја“ со која беше вратена под хрватска контрола Српска Краина, додека оваа акција за Србите е најнехумана воена операција.
Со акцијата Хрватската војска, која ја предводеше генералот Анте Готовина, кој токму поради таа акција одговара пред Хашкиот трибунал, успеа за кратко време да влезе во Книн, главното упориште на хрватските Срби и да го скрши отпорот.Од друга страна, Србите масовно ја напуштија Краина и според српски извори, од своите домови биле протерани повеќе од 250.000 Срби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години.
„Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека ги следат и меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации“, изјави Анушиќ за новинарите во Книн, објави Хрватската радио и телевизија.
Тој изрази уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развива како пред 25 или 30 години, но дека ќе биде „контролирана и нема да оди во несакана насока“.
На новинарско прашање за настаните во Босна и Херцеговина, Анушиќ рече дека се надева дека нема да има ескалација.
Свет
Ердоган: Турција е еден од епицентрите на „мировната дипломатија“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мирната дипломатија“.
На состанокот на парламентарната група на неговата Партија, Ергодан рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и други различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и правдата надвор од нејзините граници, јави Анадолија.
„Како Турција, работиме на воспоставување клима на мир која обезбедува доверба и мир на сите страни на светот, особено на угнетените земји“, рече Ердоган, пренесува Танјуг.
Свет
Зеленски: Сѐ зависи од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина покажала подготвеност за прекин на огнот и дека сега очекува одговор од Русија.
„Сè зависи од тоа дали Русија сака примирје и мир или сака да продолжи да убива луѓе“, рече Зеленски во говорот од Киев.
Неговите изјави доаѓаат откако Киев, по преговорите со САД, се согласи на 30-дневно примирје.
„Украина јасно ја кажа својата позиција. Денес Русија мора да одговори на тоа“, додаде тој.
Претходно ,Зеленски му испрати порака на Трамп.
„Сакаме да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски. „И ние сакаме американскиот претседател да го види тоа. Сакам американскиот народ да го види и почувствува тоа“.
Зеленски нагласи дека сака да го искористи евентуалното 30-дневно примирје со Русија како можност за создавање постојан мировен план.
„Многу е важно да бидеме слушнати за секој да има право да ги изразува и споделува клучните приоритетни прашања“, рече тој.
Тој додаде дека не слушнал ништо за наводната втора покана во Белата куќа за уште една средба со Доналд Трамп.
Претходно денеска, Москва соопшти дека ќе го почека извештајот од американски официјални претставници пред да го коментира предлогот за прекин на огнот. Во меѓувреме, Вашингтон потврди дека денеска ќе разговара со Москва, според медиумите во светот.