Свет
Најмладиот терорист осуден на 7,5 години затвор
Сега шеснаесетгодишната Ирачанка која минатата година беше уапсена со јакна полна со експлозив, во вторникот е осудена на седум и пол години затвор
Ранија Ибрахим точно пред една година, во август 2008 г. беше откриена во североисточната иранска провинција Дијала. Нејзината одбрана, која има право на жалба на првостепената пресуда се повикуваше на првичните информација дека Ранија самата се предала. Но обвинителството тврдеше дека таа е откриена при проверка и емитувала снимки од кои се гледа дека тинејџерката е многу уплашена и вознемирена при претресот. Американските војници ја нарекоа „непосакуван напаѓач самоубиец“, но и таа така самата се претставила во тогаш дадено интервју. Ранија тогаш рекла дека јакната со експлозивот и’ ја дал човек со кој ја запознал нејзиниот сопруг и кој и’ бил претставник како роднина. Ирачката полиција претпоставува дека тогаш Ранија била под дејство на некој седатив.
Девојчето што сакаше да стане учителка не камиказа
Ранија на 24-ти август 2008 г. требала да изврши самоубиствен напад на пзазарот во градот Бакуба, на 50 километри северно од Багдад. Детонаторот на бомбата го носела под традиционалната абаја, долга црна црна женска наметка. Но во моментот кога требала да го активра експлозивот среде тезгите полни со ллуѓе, тој откажал или, пак, таа се премислила, како што сега тврди нејзината одбрана. Во секојслучај таа била забележана од милицијата а контролната точка на парамилицската Ал-Сахава. На милицајците им станало сомнителен паничниот поглед на 15-годишното девојче. Сунитските полицајци кои се палтени од американската војска веднаш го откриле ременот полн со експлозив сокриен под наметката. Дваесетте килограми ТНТ требалода го направат можеби најкрвавиот масакр во Ирак од 2003 г. од американската инвазија.
Вистинското лице на тероризот
Таа беше 31-првата жена самоубиец во Ирак таа година, но тогаш тероризмот во Ирак го откри своето бекрупулозно лице. По тоа се псотавува прашања зошто таа не ја зивршила самоубиствената мисија, дали е заведена или е дел од келија на Ал Каеда, којашто го контролира регионто околу Бакуба? Басаед Селмане, мајката на Раниај изјави дека нејзината ќерка е невина, дека не знаела што се случива со неа и дека се плашела за себеси и за другите, па затоа не ја активирала бомбата. Ранија по апсењето рекла дека сакала да стане лекарка или учителка а не самоубиец бомбаш.„Оној што ме натера да го носам ременот, никогаш не ми рече дека ќе биде болно“, рекла Ранија по апсњето. Алаа Ал Џабури еден од ретките новинари кои се сретнале со Ранија и тоа подоцна го правел редовно добил впечаток дека нејзиниот сопруг раководел со претоврањето на девојчето во самоубубец бомбаш, прво купувајќи и ’ скапи подароци, овозмоѓуај и некои удотва и ветувајќи и вечна награда од бога доколку ја жртвува душата за неговата слава. Случајот на Ранија ги потврди тврдењата на ирачката власт дека Ал Каеда и другите исламистички милитантни групи се бескрупулозни во изборот на своите жрти кои за нивна полза треба да сеат терор и страв.КАко во случај со ова девојче, нивни мти за регрутирање самоубици се наивни луѓе кои ќе гиидоктринираат или на друг начин принудат да се дигнат во воздух однесувајќи со себе многу невини жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.
Свет
Британска влада: Ендру би можел да го изгуби своето место во редот за наследување на тронот
Британската влада ќе разгледа донесување нов закон за отстранување на Ендру Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот Чарлс, од линијата на наследување на тронот, потврди британски функционер во петокот.
Таквиот потег би дошол дури по завршувањето на тековната полициска истрага за неговите врски со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, објави Ројтерс.
Функционерот, кој побара да не биде именуван, објасни дека секоја промена во линијата на наследување би барала консултации и договор со други земји каде што кралот Чарлс, братот на Ендру, поглавар на државата.

