Контакт

Свет

До крајот на пандемијата две милијарди луѓе ќe заболат од свинскиот грип

Објавено пред

Светската здравствена организација проценува дека од новиот вид грип до крајот на пандемијата ќе заболат околу две милијарди луѓе на планетата

„До крајот на пандемијата со новиот вирус ќе бидат заразени меѓу 15 и 45 отсто од вкупната популација во светот. Триесет отсто е средна проценка, а 30 отсто од светската популација се две милијарди луѓе“, изјави во вторникот портпаролката на Свеетската здравствена организација, Афалук Батиасеви. Како што додава, тоа се според неа само груби проценки. Обединетите нации заради таквите проценки претходно ги обвинуваа СЗО дека шират паника, но според неа од прогласувањето пандемија на 11 јуни утврдено е дека новиот грип од типот А(H1N1) се шири далеку побрзо од сите претходни случаи на пандемија. Според најновите податоци, од новиот вид свински грип досега починале 816 луѓе, додека вкупната бројка лабораториски потврдени случаи на заразеност со грипот изнесува 134.503 пациенти до вторникот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Главната противничка на Лукашенко ја напушти земјата

Објавено пред

Главната ривалка на белорускиот претседател Александар Лукашенко, на претседателските избори, Светлана Тихановскаја е во Литванија.

Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичијус потврди дека таа е на безбедно.

Новите демонстрации против резултатите на претседателските избори во Белорусија, кои беа организирани и синоќа, полицијата насила ги растури, како и во неделата вечерта, со користење на солзавец и гумени куршуми.

Маса огорчени граѓани, извикуваа „Срамота“ и „Да живее Белорусија“.

Полицијата потврдила за ТАС С дека уапсила демонстранти и уверувала дека ситуацијата е под контрола, но според наводите на руските и белоруските медиуми, апсења има и во другите градови.

Ројтерс пренесува дека соработниците на Светлана Тихановскаја не успеале да стапат во телефонски контакт со неа откако ја напуштила зградата на изборната комисија и изјавила дека се смета за победник на претседателските избори.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Објавено пред

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите од Балтимор.

„Една жена почина. Експлодираа неколку куќи. Најмалку пет лица се заробени под урнатините, вклучително и деца“, соопштија пожарникарите од Балтимор на Твитер, додавајќи дека три лица се во критична состојба.

Еден сосед изјавил дека плачот на заробените деца може да се слушне на местото на експлозијата.Брза помош и пожарникари се на местото на експлозијата.Според првите информации, станува збор за експлозија на гас.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Објавено пред

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска вакцина врз основа на аденовирус, која е комбинирана со САРС-КоВ-2 за да се постигне имунолошки одговор во организмот.

Справувајќи се со шпекулациите за безбедноста и ефикасноста на вакцината, Александар Гинтсбург, директор на Националниот центар за истражување Гамалеј, тврди дека честичките на коронавирусот во вакцината не можат да му наштетат на телото, бидејќи не можат да се размножуваат.

Иако руската вакцина доби предност, експертите го доведуваат во прашање брзиот пристап кон развојот на вакцината. Александар Чепурнов, поранешен шеф на заразни болести во „Вектор“, беше скептичен во однос на податоците дадени од руската влада.

„Постои опасност во однос на можноста за влошување на болеста со погрешна вакцина. Коронавирусот е веќе познат дека може да ја интензивира инфекцијата во присуство на одредени антитела. Значи, треба да се знае кои антитела се формираат со вакцината”, рече тој.

Светската здравствена организација (СЗО) веќе ги предупреди руските власти да ги следат утврдените упатства за производство на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус. Со оглед на фактот дека бројот на коронавирусни инфекции во светот продолжува да расте со алармантна стапка, научниците и медицинските експерти прават забрзани напори за развој на вакцината.Во моментов има повеќе од 160 кандидати за вакцината во различни фази на производство, а 27 од нив пристапија кон испитувања врз луѓето.

Додека вакцината создадена на универзитетот Оксфорд и производителот на лекови АстраЗенека се смета за една од главните во трката, Русија е подготвена да стане првата земја во светот што ќе ја лансира својата вакцина против коронавирус. (крај)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет34 минути

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет45 минути

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет1 час

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа1 час

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет12 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет13 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија14 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет15 часа

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија16 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет16 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет17 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет18 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија18 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија20 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија20 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија22 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет23 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија23 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет24 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Досие