Свет
Потона траект во Пацификот, се трага по 23 луѓе

Најмалку 23 луѓе се исчезнати откако вчера потона траектот „Принцезата Ашика“, во близина на Тонго, Нов Зеланд
Спасувачи со бродови и со авиони го пребаруваат подрачјето на јужниот дел на Пацификот, во близина на Тонго, каде вчера во немирното море потона тракет што превезувал 79 патници. Властите велат дека 56 патници се спасени, односно извлечени се од морето по потонувањето на траектот, 86 километри северно од градот Нуку`алофа, пишува АПТН. Спасувач од Нов Зеланд вели дека било тешко во немирното море да се пронајдат преживеаните, но се надева дека успеат да спасат уште патници. Центарот за спасување во Нов Зеланд, извесува дека на траектот во моментот на потонувањето имало 49 патници и 30 членови на посадата. Од преживеаните, 42 сами допливале до брегот,а спасувачите извлекле 14 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се разбуди солидарноста на граѓаните кон стотици гладни и бездомници.
Студијата објавена во меѓународното списание „Вејст менаџмент“ ги потврди податоците дека просечно 75 килограми храна по глава на жител се фрла годишно во Хрватска. Надгледувани биле 115 хрватски домаќинства од мај до септември 2017 година и колку храна фрлаат. Кога тежината на фрлената храна се множи со бројот на жители, може да се заклучи дека само домаќинствата во Хрватска фрлаат најмалку 300.000 тони храна годишно.
77 отсто од вкупната количина храна фрлена е на домаќинствата, додека околу 92 кг храна по глава на жител се фрлаат во Европа, од кои повеќе од половина се домаќинства.
Свет
Шојгу: Односите меѓу Русија и НАТО само се влошуваат

Односите меѓу Русија и НАТО се повеќе се влошуваат, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Пред пет години, имавме многу активна соработка. Се чинеше дека имаме опции и можности да продолжиме напред во имплементацијата на (договорот). За жал, сето ова не само што запре, туку од година во година деградира”, изјави Шојгу за Телевизија „Русија 1“.
Тој додаде дека Русија ја оставила отворена вратата за соработка.
Минатиот вторник, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Северноатлантската алијанса се однесувала некоректно кон Русија и дека НАТО ги отфрлил предлозите на Москва за партнерска соработка.
Путин, пак, повтори дека Русија, како и претходно, е подготвена да соработува со НАТО и изрази надеж дека ќе преовладаат заедничките безбедносни интереси во дијалогот на Москва и НАТО.
Регион
Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради временските услови, магла и смог што го опфатија градот.
Густата магла и смог создаваат исклучително слаба видливост, што го оневозможува слетувањето во главниот град.
Според податоците за распоредот на летови на аеродромот во Сараево, авионите од Берлин и Истанбул не можеле да слетаат во Сараево, додека откажани биле и летовите од Будимпешта, Минхен, Белград, Виена, Ријад и Загреб.
Покрај тоа, откажани се летовите за Берлин, Истанбул, Ријад, Белград, Загреб, Виена и Минхен.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци