Свет
Советот на Европа и ОБСЕ ги повикаа Грузија и Русија да ги смират страстите
Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа апелираа до Русија и Грузија да се воздржат од непријателски активности пред годишнината од нивниот лански вооружен судир
Грузија во август 2008-та презема офанзива за преземање контрола во Јужна Осетија која сакаше да се отцепи, а Русија на тоа одговори со преземање голема офанзива и воени операции со кои ја потиснаа грузиската армија длабоко на нејзина територија.По завршување на краткотрајната војна, Мосвка ја призна независноста на Јужна Осетија и на Абхазија, два региона кои фунционираа како автономни региони во рамките на Грузија, но се стремеа да се отцепат. „Грузија и Русија, кои са членки на Советот на Европа, ја одбележуваат првата годишнина од конфликтот со полемични изјави и тензичност, исто како и на почетокот на судирите од пред една година. Во момент кога раните се’ уште се отворени, двете држави треба да си споменат за причинетите човечки жртви и пустошењата од војната и да сфатат дека секое обновување на борбените дејствија ќе донесе само нови човечки жртви и ќе предизвика нови разурнувања“, се наведува во соопштението на генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис. Притоа во своето писмено обраќање Дејвис ја осудува неспособноста на меѓународната заедница да го реши проблемот со враќањето на бегалците во нивните домови. Рускиот премиер Владимир Путин, кој се наоѓа во посета на Турција, во врска со случувањата во Јужна Грузија изјавил дека Русија нема интерес да употребува оружје во Кавкаскиот регион. Сегашниот претседател на ОБСЕ, грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, пак, изјави дека сите страни во спорот треба да се воздржат од непријателски активности и изјави што би можеле дополнително да ја дестабилизираат ситуацијата. „Раните се’ уште не са заздравени, а регионот продолжува да е нагласено нестабилен“, вели во својата изјава Бакојани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

