Свет
Петмина загинати во Киркук од експлозија на автомобил-бомба
Експлозија на автомобил-бомба, паркиран во близина на фреквентен пазар во северниот ирачки град Киркук, уби пет и предизвика повреди на уште 30 лица
Наспроти болничките извори кои информираат за пет загинати лица, полицијата во Киркук вели дека во нападот имало тројца мртви и 18 повредени.Автомобилот-бомба експлодирал на место каде живеат главно Курди и постојат сомневања дека токму тие овојпат биел цел на нападот, а не ирачките безбедносни сили. Богатиот со нафта Киркук одамна е центар на спор меѓу ирачките Курди, кои го сметаат за исконска своја територија, и Арапите и Туркмените, кои исто така живеат во овој регион. Курдите сакаат да го присоединат градот кон својот автономен регион во Северен Ирак.Насилството во Ирак се намали во последните месеци, но Ирачаните стравуваат дека бунтовниците може да го искористат овој курдско-арапски спор за свои цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

