Свет
Рекордни милијарда гладни луѓе во светот
Хронично гладуваат милијарда луѓе соопшти денеска агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) која се пожали на тоа дека има финансиски проблеми во дистрибуцијата на прехранбени продукти за најсиромашните држави.
Поради ова, ФАО е приморана да ги намали парите кои се наменети за најзагрозените региони.Портпаролот на ФАО, Џенифер Пармеле изјави дека сега ширум светот има над милијарда лица кои гладуваат, што е за 140 милиони повеќе во споредба со пред две години.„Прв пат во историјата хронично гладуваат милијарда луѓе. ФАО прави се што е во нејзина моќ да им излезе во пресрет на најзагрозените луѓе во сиромашните земји“, изјави Џенифер Пармеле, портпарол на ФАО.Во споредба со податоците од пред две години оваа бројка е за 140 милиони повеќе. При тоа, светската организација успеала да обезбеди храна само за 102 милиони загрозени лица во 76 земји, што претставува околу 10 отсто од вкупниот број лица погодени од глад.Според експертите на ОН, главна причина за пораст на бројот на гладните во светот е глобалната економска криза, поради која многу земји не можат да ги купат неопходните количества храна.Состојбата е дополнително влошена и со рецесијата во развиените земји, кои поради тоа не се во состојба да издвојуваат пари за помош на сиромашните држави, наведуваат експертите на ОН.Светската организација веќе најави дека на самитот на 20-те најразвиени земји и на државите со забрзан економски раст, закажан за во септември во САД, ќе побара издвојување на повеќе пари за набавка на храна за сиромашните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.
Свет
Околу 130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја
Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја.
Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.
Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ ((Pacific Gas and Electric, PG&E), соопшти дека се истражува причината за масовниот прекин на електричната енергија, додавајќи оти се стабилизира електричната мрежа и не се очекуваат нови прекини.
Според противпожарната служба, дел од прекините беа предизвикани од пожар што избувна во потстаница на ПГ&Е.
Свет
Зеленски бара уште една средба со европските сојузници
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида.
Постои општо чувство дека по работата на нашиот дипломатски тим во САД, сега треба да одржиме консултации со европските партнери во поширок формат, објави Зеленски на платформата Икс, по телефонскиот разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Зеленски разговорите во Мајами ги опиша како конструктивни и оти е забележан брз напредок.
Тој обвини дека Русија не сака да ја заврши војната и за една недела руските сили употребиле речиси 1.300 борбени дронови, околу 1.200 бомби и девет крстосувачки и други ракети врз Украина.

