Свет
Хамас пред предизвик од групи инспирирани од Ал Каеда
Припадниците на Хамас во појасот Газа разбиле група инспирирана од Ал Каеда по цел час напрегната ситуација откако претходно во саботата во силна експлозија загина водач на радикална муслиманска група
Борбата беше испровоцирана од милитантните изјави на лидерот на радикалната муслиманска група и неговата смрт, со што е елиминиран најголемиот предизвик за Хамас. Неговите лидери сметаа дека радикалните групи кои се угледуваат на Ал Каеда претставуваат најголемата опасност за авторитетот на ова ислаимистичко палестинско движење откако пред две години Хамас ги протерувајќи ги претставниците на другото палестинско движење Фатах ја преземаа контролата на целата територија на појасот Газа. Се’ уште не се потврдени информациите дека во судирот се ликвидирани 24 припадници на нападната група Јунд Ансар Алах (војници на блиските до Бога) една од помалите палестински исламистички групи кои се уште порадикални од Хамас. Директен повод за конфронтацијата било апсењето на 95 членови на оваа група, со што се сака зацврстување на влијанието на Хамас во овој регион. Овие радикални групи бараат пренесување на палестинската борба на надвор од Израел дури и во западните држави. Тие се обидувале во Газа да наметнат уште построги исламски правила, отколку што ги спроведува Хамас, напаѓајќи инернет кафеа и свадбени прослави кои ги сметаат за спротиви на исламските принципи.Преземањето на ваквите мерки од страна на Хамас се толкува како доказ дека се дистанцира од милитантните експоненти на идеологијата на Ал Каеда, со што нема да влезе во директни конфронтации со САД и другите западни држави, кои како и Израел ја сметаат организацијата за терористичка.Борбите избувнале во петок навечер кога милицијата на Хамас опколила џамија во градот Рафа, во јужна Газа, каде имало повеќе од стотина припадници на Јунд Ансар Алах. Нивниот лидер Абдел Латиф Муса испровоциран од Хамас во времето на петочната молитвата ја прогласи Газа за исламско емиратство и силно го критикуваше нападот на џамијата. Тој подоцна во жестоката битка која се водела цела вечер, успеал да избега кон неговиот дом со неколку телохранители, каде подоцна во експлозија загинал„Таканаречениот Муса извршил самоубиство убивајќи го и преговарачот кој беше испатен да го убеди него и неговите следбеници да се помират со владата“, изјавил за Associated Press портпаролот на министерството за внатрешни работи на Хамас, Ихаб Хусеин.Д-р Моаија Хасанаин од палестинското министерство за здравство изјавил дека во сабајлешната борба била убиени 24 лица, од кои шестмина биле припадници на милицијата на Хамас. Во престрелките било убиено и 11-годишно девојче, а околу 150 лица биле уапсени. Меѓу загинатите милицајци е и висок офицер Абу Џибрил Шимали, кого Израел го смета за одговорен за заробување на офицер на израелската армија кој вечќе три години е во затворите на Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

