Свет
Ураганот Бил ги мина Бермудските острови и му се заканува на американскиот брег
Ураганот Бил проселден со силни врнежи од дожд удри врз Бермудскиот архипелаг, продолжувајќи го патот кон американското крајбрежје и заканувајќи му се на најголемиот остров Мартас Винард
Американските медиуми забележуваат дека токму на островот Мартас од недела треба да започне летниот одмор на смеејството ан американскиот претседател Барак Обама. Националниот центар за урагани на САД од Мајами на Флорида, во саботата соопшти дека ураганот Бил со ветрови со брзина од 165 километри на час, причинил големи бранови што ги зафатиле Бермудските и Бахамските острови, и веќе стасале до југоисточното крајбрежје на САД. Бермудските власти во петокот наспроти сабота го затворија меѓународниот аеродром, откако прогласија вонредна состојба на архипелагот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
13-та жртва на масакрот во Цетиње: во болница во Подгорица денеска почина еден од ранетите на 1 јануари
Дејан Кокотовиќ почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица од тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари при пукање во кафулето Велестово во центарот на Цетиње, пишува црногорски „Вијести“. Ова е 13-та жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ.
Во нападот Кокотовиќ бил ранет во пределот на стомакот, градниот кош и главата. Истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар. Тој изминатава недела се бореше за живот, но на крајот напорите на лекарите се покажаа залудни.
Убиецот Ацо Мартиновиќ починал при транспорт во Клиничкиот центар на Црна Гора откако си пукал во глава.
Свет
Канадскиот министер за енергија го предупреди Трамп на трговска војна за нафтата
Канадскиот министер за енергија Џонатан Вилкинсон денеска ги отфрли тврдењата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека на САД не им треба ништо од Канада и предупреди на потенцијални одмазднички трговски мерки од Отава, вклучително и извозни даноци на нафта.
Одговарајќи на изјавите на Трамп дека постои можност за зголемување на царините до 25 отсто, Вилкинсон рече дека САД немаат лесно достапна алтернатива за канадската сурова нафта, ураниум, поташа и други критични минерали, пишува „Блумберг“.
„Поголемиот дел од суровата нафта произведена во САД е лесно слатко масло. Рафинериите во средниот запад (САД) се формирани за тешка сурова нафта и немаат алтернатива за користење на канадските ресурси – тоа не е економично. Дури и алтернативата што постои за некои од заливските рафинерии за тешка нафта е Венецуела“, заклучи Вилкинсон, еден од кандидатите да го замени премиерот во заминување, Џастин Трудо.
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее во Лос Анџелес.
Според Би-би-си, видеото е создадено за 90 минути ноќта меѓу 7 и 8 јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Пацифик Палисадес, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа: