Свет
Најмалку 14 загинати во безредијата во Уганда

Најмалку 14 луѓе се убиени во главниот град Кампала, отако избувнаа судири меѓу владините сили и поддржувачите на локалното кралство
Немирите траеја три дена, а во нив е направена и голема материјална штета. Повредени се најмлаку сотитна лица, аполицијата уапсила околу 640 луѓе.Властите најавија дека во понеделник ќе почнат првите судења по обвиненијата за учество на во насилни протести и незаконско собирање во групи.Немирите кулминираа по еден подолг период на нетрпеливост меѓу Јовери Масавени угандскиот диктатор и кралот Роналд Мутебу Втори, владетел накрачлството Буганда, едно од четирите традиционални кралства во Уганда.Во четвртокот владата на претседателот Мусевени на кралот Роналд му забрани да го посети регионот каде живеат припадници на ривалската етничка зедница, по што припадниците на народот Баганда, инаку најбројна заедница во Уганда, почнаа со демонстрации и судири со полицијата.Поддржувачите на кралотикрале оружје и муниција од полициски станици, запалиел повеќе возила и пљачкале продавници. Во саботата, немирите се подмисрија, а полицијата и војската во недела патролираат по улиците на Капмала.Мусевени и кралот Роналд се договориле да се сретнат за да ги надминат несогласувањата.Кралевите во Уганда имаат главно церемонијална улога, но имаат гоелма популарност меѓу припадниците на нивните етнички заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во БиХ: едногодишно дете се удави во базен пред куќа

Едногодишно дете се удави вчера во базен во дворот на семејна куќа во Козарац во близина на Приједор.
Според Аваз, несреќата се случила вчера попладне околу 17:30 часот.
На местото на настанот биле и членови на Полициската управа во Приједор, кои утврдиле дека нема елементи на кривично дело.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска провалија во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република Јакутија, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила околу 3:20 часот наутро во недела кон понеделникот, кога возачот ја изгубил контролата врз автобусот, кој паднал во клисура длабока 25 метри.
Фотографиите објавени од локалното Министерство за внатрешни работи покажуваат дека автобусот е превртен покрај каллива локва со вода. Друга фотографија ја покажува оштетената метална ограда покрај патот над местото на несреќата.
Несреќата се случила на индустрискиот пат што води до рударскиот и преработувачкиот погон Денисовка, специјализиран за екстракција и производство на јаглен.
Рускиот истражен комитет, кој истражува сериозни кривични дела, соопшти дека отворил кривична истрага за можна небрежност. Властите го прогласија вторник за ден на жалост во регионот.
Фото: принтскрин
Свет
Америка ја повика ЕУ да се приклучи на 100-процентните царини на руската нафта

САД се надеваат дека нивните европски сојузници ќе им се придружат во воведувањето на таканаречените секундарни царини на Русија, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Си-ен-би-си“.
„Руска нафта ќе биде подложна на секундарни царини до 100 отсто“, рече Бесент. „Ги повикувам нашите европски сојузници, кои досега само вербално се залагаа за остри мерки, да нè следат ако ги воведеме овие царини.“
Изјавите на Бесент уследија по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена за воведување тешки царини кон Русија доколку не се постигне договор за завршување на војната во Украина во рок од 50 дена.
„Ние ги нарекуваме секундарни царини“, рече Трамп на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа. „Царини од околу 100 проценти.“
Секундарните царини претставуваат казнени мерки што се применуваат на држави или компании кои продолжуваат да тргуваат со санкционирана земја – им се наплатува дополнителен износ за пристап до американскиот пазар или финансискиот систем.
На пример, ако некоја трета земја како Кина продолжи да купува руска нафта, нејзиниот извоз во САД би можел да биде оптоварен со дополнителна царина од 100 проценти, што значително би ги зголемило цените за американските потрошувачи и дополнително би ги притискало кинеските извозници.
Трамп, кој во кампањата вети дека ќе постигне мировен договор во рок од 24 часа од преземањето на функцијата, е сѐ повеќе фрустриран од она што го опишува како руски одолговлекувања во мировните преговори.
Американската стратегија има за цел да ги намали приходите на Русија од извозот на нафта, кои изнесуваат околу една третина од државниот буџет и се клучен извор на финансирање на војната против Украина.
На трамповата закана од 15 јули реагираше портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истакнувајќи дека таа е „сериозна“, но дека на Москва и треба време да ја анализира пораката од Вашингтон.